Регион
Серија земјотреси утрово во Албанија, најсилниот почувствуван и кај нас
Десетина земјотреси во период од неколку часа утрово ја погодија Албанија.
Најсилниот од нив е со интензитет од 5 степени, а истиот е почувствуван во југозападниот и западниот дел од земјава.
Од сеизмолошката опсерваторија во Скопје јавија дека утринава се регистрирани серија на земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 180 километри југозападно од Скопје во соседна Албанија и потекнуваат од епицентралното подрачје Корча.
Земјотресот од 5 степени бил најмногу почувствуван во Охрид, кој се наоѓа на 70 километри од епицентарот, а потоа во Струга и Ресен. Со помал интензитет почувствуван е и во западниот дел од земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
