Регион
„Сите се осомничени“: мајорката на српската полиција за снимката од Виена, на која наводно се гледа Данка Илиќ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/ttt.jpg)
Во овој момент не би можела да зборувам за конкретни податоци, истрагата е многу динамична и обемна од првиот ден, а се проверуваат сите можни факти и околности. Се проверуваат сите лица што би можеле да се поврзат со настанот.
Ова утрово го изјави мајорката на српската полиција Бојана Отовиќ-Пјановиќ, која во неделата вечерта појасни многу работи во врска со настаните во Бањско Поле од минатиот вторник и исчезнувањето на малата Данка Илиќ (2).
Таа утрово за РТС појасни што првин се прави кога станува збор за исчезнување дете и нагласи дека полициската пракса е, пред сè, обиколка и пребарување на просторот на местото на настанот или исчезнувањето.
„Во моментот кога се појави видеото од Виена, со координација првин работевме на проверка на автентичноста на видеото бидејќи имаше сè на мрежите, а веднаш потоа беше воспоставен личен контакт со човекот што го сними. Потоа, во координација со нас, отиде и поднесе пријава, па истата вечер беше распишана жолта потерница од Интерпол“, додаде мајорката.
„Што се однесува до мене, сега сите се осомничени“.
„Не можам да кажам кои се осомничените бидејќи тоа не би било ниту стручно ниту одговорно. Што се однесува до мене, сега сите се осомничени! Земени се сите снимки од сите можни камери, сè се проверува и тоа не се прави само во Бор, туку и во полициските управи во околните градови“, вели мајорката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
(Видео) Тешка сообраќајка во Грција: бебе меѓу загинатите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-204400.jpg)
Тешка трагедија се случи во петокот попладне на автопатот Пиргос – Кипарисија, во близина на Месинија во Грција, кога четири лица, меѓу кои 12-месечно бебе и 13-годишно девојче, кои се наоѓале во два автомобили, загинаа во сообраќајма несреќа, пишува „Protothema“.
До несреќата дошло кога 39-годишниот камионџија, кој возел во правец на Кипарисија, од засега непозната причина изгубил контрола, излетал во спротивен правец и налетал на три возила, предизвикувајќи трагични последици.
Според написите, камионот всушност буквално ги стопил двете возила кои учествувале во несреќата. Противпожарната служба со 12 пожарникари ги извлекла настраданите.
Според информациите, во првиот патнички автомобил кој се судрил со камионот било семејство кое живее во странство и отпатувало за Нафплио за да се види со роднините и на одмор на Пелопонез. Во него се пронајдени мртви 38-годишен татко и 12-месечна ќерка, а повредени се 38-годишна мајка и нивниот шестгодишен син, кои се пренесени во болницата во Патра.
Од второто возило кое било заглавено под камионот извлечени се маж (50), девојка (13) и жена (60), кои се здобиле со тешки телесни повреди.
Повредени се и 25-годишен маж кој бил интубиран во Каламата, 39-годишен камионџија и 61-годишен маж, и двајцата се на лекување во болницата Кипарисија.
Затворен е магистралниот пат Пиргос – Кипарисија, а сообраќајот се пренасочува по заобиколен пат.
Регион
Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во Бугарија, ќерка му е со 85 отсто изгореници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/3-13.jpg)
Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во близина на бугарскиот град Елин Пелин, недалеку од Софија, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи, Калин Стојанов.
Мажот (49), кој почина во експлозијата, добил тешки изгореници и синоќа бил хоспитализиран, а неговата 20-годишна ќерка, која исто така е во болница со 85 отсто изгореници, сѐ уште е во критична состојба, пренесува порталот „Новините“.
Стојанов рече дека во магацинот во кој се случила експлозијата може да има уште две лица, меѓу кои и 22-годишниот син на сопственикот на магацинот.
Регион
Дете починало 7 дена по операција на крајници во Хрватска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/23.jpg)
Седумгодишно дете почина вчера, една недела по операцијата на крајници, која беше извршена во Клиничката болница „Свети дух“ во Хрватска.
Седум дена по извршената операција на Клиниката за оториноларингологија и хирургија на глава и врат и шест дена по отпуштањето од болница, детето во раните утрински часови било донесено утрово без витални знаци.
Веста за смртта на детето во рок од 24 часа ја потврди директорот на болницата, д-р Игор Алфиревиќ.
„За жал, точна е информацијата дека во четвртокот, 25 јули 2024 година, по реанимација во Обединетата итна болница на Клиничката болница „Свети дух“ почина седумгодишно дете“, рече тој.
Во тек е истрага, а телото на детето е испратено на обдукција.