Регион
Сијарто: Време е да се стави крај на демонизацијата на српскиот народ
Време е да се стави крај на демонизацијата на српскиот народ, надворешните интервенции и заканите со санкции, изјави денеска министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.
Тој во објава на „Фејсбук“ му посака добредојде на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој е во официјална посета на Унгарија.
Сијарто напиша дека мирот и стабилноста на Балканот се предуслов за мирот и стабилноста на Европа.
„За жал, во последните неколку недели беа преземени неколку западноевропски одлуки и мерки што ги зголемуваат тензиите на Западен Балкан и предизвикуваат безбедносни ризици. Време е да се запрат надворешните интервенции, заканите со санкции и демонизацијата на српскиот народ“, изјави Сијарто.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, претпладнево се сретна и со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.
На средбата со Сијарто беше потпишан меморандум за разбирање во областа на примената на новите технологии во здравството, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ова се загинатите во железничката несреќа во Нови Сад, меѓу нив има и четири деца
Во трагедијата што се случи на Железничката станица во Нови Сад животот го загубија 14 лица.
Меѓу загинатите има и четири деца. Меѓу жртвите има и две девојчиња кои отишле со својот дедо кај друг дедо и баба да прослават, една девојка и еден дечко кои отишле да го прослават својот 21 роденден, додека најмладата жртва има само 5 години. Меѓу 14-те загинати има и маж од Македонија.
Васко Саздовски (45) Македонија
Комар Немања (17) од Степановиќево
Руман Андела (20) од Стара Пазова
Ѓорѓе Фириќ (53) од Ковиље
Фириќ Валентина (9) од Ковиљи
Фириќ Сара (5) од Ковиљи
Адамовиќ Милица (16) од Каќ
Милева Карановиќ (76) од Каќ
Арбутина Ќириќ Сања (35) од Каќ
Хрка Стефан (27) од Белград
Милосављевиќ Милош (21) од Кничанин
Швоња Ѓуро (77) од Степановиќево
Раковиќ Вукашин (69) од Буковац
Раца Горанка (58) од Нови Сад
Меѓу загинатите е и Васко Саздовски (45), научник од Македонија, кој работел во Институтот Биосен во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатичките технологии за земјоделството. Зад себе ги остави сопругата и двете деца.
Регион
Повредените во несреќа во Нови Сад се во тешка состојба, изјави Дачиќ
Трите лица, кои беа повредени при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, сè уште се во тешка состојба, изјави на 3 ноември српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Во гостувањето на РТС, Дачиќ рече дека последиците од несреќата биле такви бидејќи бетонската настрешница била исклучително тешка.
Во несреќата што се случи на 1 ноември загинаа 14 лица, а причината за падот на настрешницата сè уште не е позната.
Министерот за внатрешни работи на Србија посочи дека во текот на денот ќе бидат сослушани уште пет лица, а на 2 ноември во просториите на полициската управа во Нови Сад биле сослушани 26 лица за да се утврдат причините и одговорноста за тоа што се случило.
Српската железница на денот на несреќата, 1 ноември, соопшти дека настрешницата што паднала „не била предмет на реконструкција како дел од работите на реновирање на зградата“ што било во рамки на градежниот проект за брзата пруга Нови Сад – Суботица.
Како што наведоа во соопштението, во рамки на реконструкцијата се работело на внатрешноста на станицата, покривот и фасадата над и под настрешницата.
Регион
Путин му изрази сочувство на Вучиќ за несреќата на железничката станица во Нови Сад
Претседателот на Русија, Владимир Путин, му изрази сочувство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по повод трагедијата што се случи на железничката станица во Нови Сад.
Во падот на челичната настрешница загинаа 14 лица.
„Почитуван господине претседателе, ве молиме примете го моето длабоко сочувство за трагичните настани во Нови Сад“, се вели во пораката на Путин, додавајќи дека „граѓаните на Русија ја споделуваат тагата на братскиот српски народ“.
Меѓу загинатите на Железничката станица е и Васко Саздовски од Македонија – 45-годишен научник којшто работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството.
Во Србија е прогласен ден на жалост.