Регион
Србија го зголемува военото и полициско присуство на границите со Бугарија и Македонија

Во врска со информациите и предупредувања, кои доаѓаат од трети земји за можно преминување на терористички групи низ Србија и по повод можноста да се зајакне бегалскиот бран од Турција, Србија го зголемува военото и полициско присуство на границите со Бугарија и Македонија, информираат во четвртокот локалните медиуми.
По тој повод РТС (Радио-телевизија Србија) истакнува дека според портпаролот на Министерството за одбрана и на Армијата на Србија, Јован Кривокапиќ ,”вклучувањето на армијата и полицијата во обезбедувањето на државните граници спречило влегување на 20 илјади мигранти на територијата на земјата и доведе до апсење на 132 шверцери на луѓе “.
Белградскиот „Данас„, нагласува дел од изјавата на Кривокапиќ, во која се прави преглед на променетата меѓународна ситуација, која е последица на затегнатите односи меѓу Турција и ЕУ, а се однесува на фактот дека армијата и полицијата на земјата се подготвени да се соочат секој предизвик.
Радио Б92 истакнува дека во изминатите денови се зголемија обидите на бегалци за нелегално преминување на границата со Бугарија и Македонија.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Над 7200 загинати во Турција и Сирија, бројот постојано расте

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 7.200, а десетици илјади луѓе се повредени. Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја.
Огромната спасувачка операција се уште трае. Студеното време ги попречува спасувачите во потрагата по преживеани. Во текот на утрото Турција беше погодена од два нови силни земјотреси – првиот беше со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот, кој се случи околу 08:50 часот, беше со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.
Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала се случи ноќе на студено време во провинцијата Кахраманмарас на југоисток, на околу 60 километри воздушна линија од сириската граница. Следеа десетици послаби земјотреси, а попладнето исто така на југоистокот на Турција се случи уште еден со јачина од 7,5 степени.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во 10 погодени провинции. Ќе трае три месеци.
Македонија
Гази Баба доделува 500.000 денари за помош на Турција и Сирија

Советот на општина Гази Баба донесе одлука за определување на финансиска помош за настраданото население во Турција и Сирија.
„ Попладнево се оддржа седница на Советот на општина Гази Баба на која на мој предлог, едногласно Советот донесе Одлука за определување на финансиска помош во висина од 500.000 денари за настраданото население во Турција и Сирија.
И благодарам на претседателката на Советот Дијана Илиевска за итното прифаќање на моето барање и свикување на седницата за краток рок.
На почетокот на седницата со едноминутно молчење оддадовме почит на загинатите во земјотресот.
Гази Баба ќе продолжи да помага! – напиша Стефковски.
Регион
(Видео) Сателитски снимки го покажуваат ужасот во Турција

Според последните податоци, во земјотресите во Турција и Сирија загинале најмалку 6.300 луѓе. Се стравува дека бројката ќе расте уште многу. Секоја минута е важна за пронаоѓање на преживеани.
Луѓе со лопати и друг алат се обидуваат да копаат под урнатините и да најдат некој жив човек. Светот е на нозе, од секаде се испраќа секаква помош.
Сателитските снимки што ги објави Маџар Технолоџис го покажуваат степенот на штетата предизвикана од земјотресот во Турција.
We will be activating our Open Data Program (https://t.co/KG4Ln7Gvck) for the powerful #earthquakes in #Turkey and #Syria. Please stay tuned for that notification. Seen here is another before (Oct 4, 2022) and after (Feb 7, 2023) view of #Islahiye, Turkey and the destruction. pic.twitter.com/jd8KakGRgb
— Maxar Technologies (@Maxar) February 7, 2023
Фотографиите пред и потоа од градот Ислахије на југоистокот на земјата покажуваат колку згради се уништени.
Првата слика е направена на 4 октомври 2022 година, а втората е направена денеска.
Одреден број згради целосно се урнаа, а други паднаа на страните и нивните делови беа расфрлани наоколу.