Регион
Србија ја надмина бројката од 300.000 регистрирани инфекции, отворена нова ковид-болница
Во изминатите 24 часа во Србија се потврдени 3.534 нови случаи на коронавирус, а 54 лица починале, соопштија здравствените власи.
Голем број на пациенти и натаму се хоспитализирани, вкупно 9.604, од кои 314 се на интензивна нега и на респиратори.
Досега во земјата се тестирани вкупно 2.141.775 примероци, а со денешните 3.534 позитивни, Србија за 62 случаи ја надмина границата од 300.000 регистрирани инфекции. Вкупно 2.686 лица починале од почетокот на епидемијата, а стапката на смртност е 0,89 проценти.
Во институциите за социјална грижа и домовите за стари лица, вирусот е потврден кај повеќе од 2.900 лица, меѓу кои 2.081 корисник и 888 вработени.
Денеска, Србија ја доби втората специјализирана ковид-болница изградена на местото на поранешна касарна во Крушевац, а приемот на првите пациенти е најавен за утре изутрина.

Од утре стапува на сила и мерката за задолжителен негативен ПЦР тест не постар од 48 часа за сите странци и српски државјани кои имаат намера да влезат во земјата.
На српските државјани и без тоа би им бил дозволен влез, поради уставните права, но ќе мора да подлежат на задолжителен десетдневен домашен карантин, со можност таквата обврска да се скрати доколку во меѓуреме достават негативен тест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

