Регион
Столтенберг со порака до Белград и Приштина: „Преземете конкретни чекори за смирување на ситуацијата“
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Приштина и Белград мора да преземат конкретни чекори за деескалација на ситуацијата.
Тој во интервју за подгоричка „Победа“ вели дека НАТО во Косово испраќа уште 500 војници од оперативната резерва во Западен Балкан.
„Го ставивме дополнителниот резервен баталјон во поголема готовност, така што тие исто така може да бидат распоредени по потреба. Ова се претпазливи чекори за да се осигури дека КФОР ги има силата и способностите што му се потребни за да го исполни својот мандат.
Нашата мисија КФОР ќе ги преземе сите неопходни активности за одржување безбедна средина и слобода на движење за сите луѓе на Косово и ние ќе продолжиме да дејствуваме непристрасно, во согласност со нашиот мандат на Обединетите нации, врз основа на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, рече генералниот секретар на НАТО.
Како што додаде, насилството го враќа Косово назад, како и целиот регион, а ги доведува во прашање и евро-атлантските аспирации.
„И Приштина и Белград мора да преземат конкретни чекори за деескалација на ситуацијата, да се воздржат од понатамошно неодговорно однесување и да се вклучат во дијалог со поддршка на ЕУ, што е единствениот начин за траен мир“, додаде Столтенберг.
Тој порача дека НАТО ќе продолжи да ја игра својата улога со цел да ги поддржи трајната безбедност во Косово и стабилноста на целиот Западен Балкан.
Столтенберг рече дека во последните неколку години се забележани руски обиди за мешање во внатрешната политика и демократските процеси во неколку земји од НАТО, што е неприфатливо.
Тој додаде дека Русија е одговорна и за злонамерните активности во сајбер-просторот и за промовирање дезинформации и пропаганда против НАТО и неговите сојузници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

