Регион
Туристи од Србија од синоќа заглавени на аеродромот во Хургада: Ни дадоа само пијалак и парче пица
Речиси 180 туристи од Србија, кои вчера од Хургада требаше да пристигнат во Белград, сѐ уште се на аеродромот во Египет, без информации кога нивниот авион би можел да полета.
Чартер летот „ЈУ 9781“ на компанијата „Ер Србија“, според распоредот на летови, требаше да слета на аеродромот „Никола Тесла“ утринава во 3.25 часот, но сѐ уште не полетал од Хургада, јавува „Н1“.
Горан Стевановиќ, еден од туристите од Србија кој е заглавен во Хургада со своето семејство, изјавил за „N1“ дека авионот од Белград, конечно, слетал на аеродромот во Хургада и дека се надеваат оти набргу ќе може да си одат дома.
Како што истакна, на аеродромот се веќе 12 часа, а искуството го опишува како страшно.
„Страшно, не знам што да кажам. Не само што е страшно, страшно е и малтретирањето на луѓето, луѓето да спијат на подот. Ни велат ‘за час, за два, за три, не сме ние криви’. Агентот што ја застапува (туристичка агенција) „Травелленд“ вели: „Не сме ние виновни, вината е кај ‘Ер Србија’“. ‘Ер Србија’ вели: „Не сме ние виновни, тие се виновни“. Не ми е гајле кој е виновен, тука сме заглавени 12 часа“, објаснува Стевановиќ.
Тој нагласил дека уште синоќа на веб-страницата на белградскиот аеродром било видено дека авионот ќе доцни и дека побарал во тој момент да им се обезбеди сместување, но дека наишол на непријатности од локалниот персонал на аеродромот.
„Доколку може да има негативна реклама за оваа дестинација, тоа би било оваа“, додал соговорникот и изјавил дека цело време додека чекале на аеродромот, им нуделе по еден безалкохолен пијалак и по едно парче пица за два часа.
На веб-страницата на белградскиот аеродром сѐ уште нема информации кога би можел да слета авионот на летот „ЈУ 9781“. Наместо очекуваното време на пристигнување, пишува само „ново време“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

