Контакт

Европа

Мајка си ги убила трите деца и себеси: полицијата влегла во куќата и затекнала страшна глетка во Оклахома

Објавено пред

Жена од Оклахома си ги убила трите деца и себеси по неуспешните преговори со полицијата, соопштија државните органи за спроведување на законот.

dobivaj vesti na viber

Полицијата дошла до мрачното откритие откога влегла во домот на Бренда Мекаслин (39) во Вердигрис и ги нашла неа и нејзините деца – кои имале 10 месеци, шест години и 11 години – мртви, се вели во соопштението на Државното биро за Оклахома, пренесува oxygen.com.

„Утврдено е дека Мекаслин ги застрелала сите три деца, а потоа го свртела пиштолот кон себе“, соопшти Бирото.

Полицијата во Вердигрис првпат дознала за инцидентот кога полицаец во областа забележал огномет пред една куќа, велат од Бирото. Полицијата отишла да види што се случува и нашол жена вооружена и забарикадирана во својата куќа.

Началникот на полицијата во Вердигрис, Џек Шакелфорд, за „Тулса ворлд“ изјави дека друга жена заедно со своите деца дошла во посета на Мекаслин. Таа потоа го вперила пиштолот кон жената, ги зела и неа и децата и ги однела со себе во гаражата.

Додека била заклучена во гаражата, жената преку скршен прозорец пуштила огномет за да привлече внимание со надеж дека ќе добие помош. Кога пристигнала полицијата, жената и нејзините две деца успеале да побегнат, изјави Шекелфорд.

„Преговорите почнаа бргу додека работевме на воспоставување контакт со 39-годишната Бренда Мекаслин“, соопшти Државното истражно биро во Оклахома.

„Бидејќи немало одговор, полицајците влегле во куќата, каде што ја нашле мртва Мекаслин заедно со своите три деца“, се вели во соопштението.

„Бевме вџашени“, изјави Џош Кер, свештеник на Првата презвитеријанска црква во Клермор, за ТВ-станицата KWTV со седиште во Оклахома Сити.

„Тоа беше една од оние работи каде што гледате пријателка од пред 20 години како се мачи во последните години, но не очекувате дека ќе заврши во ова сценарио“, додаде тој објаснувајќи дека таа се борела со години со ментално-здравствена криза.

„Многу трагедии, самоубиства во семејството, употреба на дрога, сета скршеност што ја гледаме цело време во нашите заедници“, рече Кер.

Шекелфорд рече и дека трагедијата е втора ваква ситуација што ја имала полицијата на Вердигрис во последните неколку месеци.

„Никогаш не е лесно, а по некое време пошироката јавност мисли дека тоа е она што го правите и ова е вашата работа“, рече Шекелфорд. „Да, тоа е она што го правиме и тоа е наша работа, но никогаш не станувате бесчувствителни поради тоа“.

Во спомен на децата на дрвото пред куќата беа поставени импровизирани спомен-обележја.

Бил Салвахтер, сосед на семејството, изјави за NBC Tulsa KJRH дека гледал како властите се обидуваат да ја натераат Мекаслин да се предаде.

„Тажниот дел од приказната е што овие деца немаат никаква врска со тоа“, рече тој. „Сега се мртви“.

Европа

Во Киев се урива споменик кој ја слави блискоста меѓу Русија и Украина

Објавено пред

Властите на Киев во вторникот почнаа да го отстрануваат споменикот од советската ера што ја означува врската меѓу Русија и Украина, повеќе од две години откако Москва започна инвазија врз Украина.

dobivaj vesti na viber

Неколку дена ќе бидат потребни за целосно уривање на споменикот од црвен гранит, кој се состои од дваесетина поединечни елементи, соопшти градската управа.

Тоа е всушност група статуи кои прикажуваат украински Козаци кои го опкружуваат лидерот Богдан Хмелницки и московскиот амбасадор.

Статуите ќе бидат префрлени во воздухопловниот музеј.

Споменикот е изграден во 1982 година за да го одбележи „обединувањето на украинскиот народ со братскиот руски народ“ во 1654 година, кога Хмелницки склучил сојуз со рускиот император во борбата против полско-литванскиот сојуз.

Советските историски книги го романтизираа како почеток на нераскинливо пријателство меѓу Украина и Русија.

Прикажи повеќе...

Европа

Белоруските спортисти одат на Олимписките игри, Лукашенко: Победете ги противниците

Објавено пред

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска им порача на белоруските спортисти кои учествуваат на Олимписките игри во Париз под неутрален статус „да ги победат своите противници“.

dobivaj vesti na viber

„Ако сте избрале и одите таму под неутрален статус, истепајте ги, покажете им дека сте вистински Белоруси“, рече Лукашенко во соопштението за печатот на претседателството.

За време на посетата на регионот Могилев во Белорусија, жителите го прашале Александар Лукашенко што мисли за ова учество под неутрален статус, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на белоруското претседателство.

„Спортистот треба да избере. Доколку одлучи да учествува на Олимписките игри, ќе биде уште пожесток. Затоа што разбирате дека состојбата на умот и гневот не се од мала важност во спортот“, реагира Лукашенко. „Вие сте Белорусија и кога ќе излезете како победници, тоа е добар начин политички да ги удрите во лице“.

Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ги искорени сите форми на опозиција во неговата земја, потиснувајќи мирно масовно движење во 2020 година. Тој е навикнат и на широки изјави и испади, како на пример кога парадираше со калашников во раката пред демонстрантите кои се противат на неговото владеење, нарекувајќи ги „стаорци“. Во февруари 2022 година, тој ја отвори Белорусија за руската армија за да може да ја нападне Украина од север.

Белорусија беше исклучена како земја од Игрите поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина, а нејзините спортисти се натпреваруваат под неутрален статус, без химна, знаме или национални обележја.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Полицијата го бркаше убиецот со меч низ Лондон, објавена е снимка

Објавено пред

Би-би-си објави снимка на која се гледа лондонската полиција која го брка напаѓачот со нож, кој денеска уби 13-годишно момче и повреди неколку други.

dobivaj vesti na viber

На снимката се слушаат полицајците како им викаат на граѓаните: „Заклучете ги вратите“.

Полицијата смета дека не се работи за терористички напад.

Полицајците уапсија маж вооружен со меч по извештаите за сериозен инцидент со прободување во североисточен Лондон.

Со електрошокер бил совладан 36-годишниот маж кој мавтал со меч.

„Со голема тага можам да потврдам дека 13-годишното момче кое беше избодено, почина во болница набргу откако му биле нанесени убодите“, изјави началникот на лондонската полиција Стјуарт Бел.

Уште две лица и двајца полицајци се во болница поради убодни рани и се надвор од животна опасност.

„Не мислиме дека постои закана за пошироката заедница, полицијата не бара други осомничени и се чини дека овој инцидент не е поврзан со тероризам“, рече Бел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како...

Македонија11 часа

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија11 часа

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...

Македонија12 часа

Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток можен рок, кажа Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека добил информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата...

Македонија14 часа

Постапката за екстрадиција на Палчо ќе биде спроведена преку МВР, на осомничениот веќе му е определен притвор

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се...

Македонија15 часа

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо

Министерството за правда преку писмено соопштение информираше дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. Претходно...

Македонија17 часа

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено, Владата ја формира мнозинството во парламентот

Жалам што сеуште раководството на ДУИ живее во некои времиња кој се минато во Македонија. Македонија е држава на сите...

Македонија18 часа

„Ќе ги разгледаме ставовите на маса“ – Меџити и Мицкоски се’ уште не разговарале за уставните измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на Демократското движење и носител на листата за пратеници во првата изборна единица...

Македонија19 часа

Талат Џафери, директорите и УО на Фондот за здравство да си го загреат столчето, платите да се усогласат или генерален штрајк од 1 јуни, најави Синдикатот

Од 1 јуни повторно постои можност вработените во Фондот за здравствено осигурување во целата земја да престанат со работа, како...

Македонија20 часа

Бидете сигурни дека нема да се формира Влада без нашите пратеници, велат од Европскиот фронт на ДУИ

Европскиот фронт преводен од Демократската Унија за Интеграција смета дека треба да важи правилото „победник со победник“ кога станува збор...

Регион20 часа

„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес

Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен...

Свет21 час

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Европската унија и земјите кандидати мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл...

Македонија23 часа

Метеоролозите најавуваат промена на времето за 1 Мај и во следните денови

Од утре, 1 Мај, до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во четврток и...

Македонија23 часа

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

„Никој не треба да се сомнева во нашата одлучност и решеност да направиме промени кои ќе ја сменат сликата на...

Економија2 дена

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со...

Македонија2 дена

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција е само ВЛЕН за новата влада

Не може да правиш разлика со гласови од Роми, Турци и Бошњаци, а после да се повикуваш на албанска опција,...

Економија2 дена

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија2 дена

Османи: Најголемо понижување е да се договараат коалиции без да се слушне волјата на народот

ДУИ смета дека е понижувачки што партиите договараат коалиции пред одржувањето на парламентарните избори. Министерот Бујар Османи, во својство на...

Европа2 дена

(Видео) Голем проевропски протест во Грузија

Илјадници луѓе излегоа синоќа во Тбилиси на протест против законот за транспарентност на странското влијание, кој ја загрозува прозападната политика...

Свет2 дена

Најмалку 13 лица загинаа во израелски воздушни напади во јужниот дел на Газа

Во израелски воздушни напади врз три куќи во градот Рафах, на југот на Газа, загинаа најмалку 13 лица, а многумина...