Регион
Хан: Русија е воен, а не економски фактор на Балканот
Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан смета дека Русија на Балканот е само воен, но ни е економски фактор, пренесува Al Jazeera.
„Русите нас малку не нервираат и тоа е се што прават“, рекол Хан во интервју за виенскиот дневник Standard, наведувајќи дека ЕУ би требало да има поголема самодоверба, и да се занимава со своето влијание, но и да стои како „зајак пред змија“.
На прашањето колку е важно Западен Балкан да биде помалку зависен од руските енергенси, Хан одговорил дека зависноста од руската енергија е „зачудувачки ниска“.
„Во Србија се работи само за десет проценти од вкупната потрошувачка и тука веќе се создава некаков имиџ. Во Србија, Австрија е најголемиот инвеститор, инвестирала четирикратно повеќе отколку Русите. Русија е само воен, но не и економски фактор и тоа мора да се потенцира“, нагласува Хан.
Австрискиот еврокомесар рекол дека загриженоста на ЕУ поради Балканот не е поради влијанието на Русија, туку поради етничките тензии и нестабилноста.
„Јасно е дека нестабилноста може да биде поттикната и од трети страни од различни краеви и канали. Тоа само ја поттикнува понатамошната „домашна“ нестабилност. ЕУ има интерес во своето непосредно соседство да владее стабилноста“, рекол Хан./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ердоган ги спореди израелските напади во Газа со геноцидот во Сребреница
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска по разговорот со претседавачот на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ изјави дека Израел ќе одговара за злосторствата во Газа, споредувајќи ги со геноцидот во Сребреница.
„За жал, денес во Газа и на окупираните палестински територии сме сведоци на сличен масакр што беше извршен пред очите на целиот свет во Босна и Херцеговина во 1990-тите“, рече Ердоган, кој денеска го прими Беќировиќ во Истанбул.
Тој додаде дека Израел ќе биде кривично гонет за убиствата на повеќе од 41.000 Палестинци во Газа, вклучително и турскиот активист Ајсенур Езги Ејги, кој беше убиен на Западниот Брег минатата недела.
„Сторителите на геноцидот во Газа, како оние во Сребреница во 1995 година, ќе одговараат пред меѓународните судови“, рече Ердоган.
Тој потсети дека Турција ја спонзорирала Резолуцијата на ОН за осуда на геноцидот во Сребреница и дека таа земја се залага за стабилноста на Босна и Херцеговина. Тој ги повика властите во БиХ да се приклучат во борбата против движењето ФЕТО, сметајќи дека таа организација е терористичка.
Фето е движење на Фетулах Ѓулен, поранешен сојузник, а сега противник на претседателот Ердоган, кого го смета за виновен за обидот за воен удар во јули 2016 година. Беќировиќ рече дека пријателството меѓу Босна и Херцеговина и Турција е нераскинливо.
„Република Турција е докажан пријател на Босна и Херцеговина и една од најсилните членки на НАТО алијансата и затоа, меѓу другото, нејзината поддршка за Босна и Херцеговина е исклучително важна“, нагласи Беќировиќ.
Регион
Двe лица се удавија во Будва и Бар, холандски турист спаси жена и дете од разбрануваното море
Две лица се удавија во петокот вечерта во Будва и Бар, јавија денеска црногорските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.
Едно лице се удавило во градот Дробни Пијесак кај Будва, соопшти Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа (УПСУЛ), пренесува порталот ЦДМ. Удавеникот, како што се наведува во соопштението, бил извлечен од спасувачкиот чамец САР-5 заедно со екипажот на УПСУЛ и членови на Секторот за гранична полиција.
Претходно синоќа се удави и украинскиот државјанин О.Ј. (36) во морето кај Бар, пренесува порталот Бар инфо. Спасени биле сопругата и детето.
„Семејството на давеникот е спасено, благодарение на холандски државјанин кој скокнал во брановите за да им помогне, а потоа биле испратени во Општата болница во Бар за медицинска помош“, изјавија од полицијата за Радио Бар и Бар Инфо.
УПСУЛ предупреди дека е на сила црвен метеоролошки аларм и предупредување за многу силни ветрови кои создаваат големи бранови и силни струи.
И покрај ова предупредување, на плажите беа забележани капачи кои влегуваат во морето и на тој начин ги ризикуваат своите животи, но и животите на припадниците на службите кои ги спасуваат на многу турбулентен, карпест и непристапен терен.
Вакви и слични ситуации се повторуваат со години и, за жал, резултираат со непотребна загуба на човечки животи, а УПСУЛ ги повикува капачите да бидат многу внимателни во наредните денови за да се избегнат непотребни несреќи и давење, се заклучува во соопштението.
Од УПСУЛ потсетуваат дека граѓаните и туристите можат да се јават и да пријават каква било ризична ситуација на море директно на бесплатниот број 129 или преку мобилната апликација safesea.me.
Регион
(Видео) Во БиХ падна првиот снег
Во Босна и Херцеговина падна првиот снег на планините Бјелашница, Јахорина и Влашиќ. До утрово остана само на Јахорина, покажуваат веб-камерите.
Според прогнозите на Федералниот хидрометеоролошки завод денеска во БиХ ќе биде претежно облачно.
Претпладне се очекуваат врнежи од дожд низ земјата, а на планините можен е и слаб снег.
Вака изгледаше Бјелашница синоќа.