Регион
Хрват лажно се претставил како дипломат на Капри, престојувал во луксузен хотел и изнајмил брод
Хрватски државјанин кој лажно се претставил како дипломат, уапсен е на италијанскиот остров Капри откако била покрената истрага за неплатени сметки за престој во луксузен хотел и изнајмување брод за крстарење, пренесуваат италијанските медиуми.
Хрватскиот државјанин (31) М.П. со адреса на живеење во италијанскиот град Белуно, кој од претходно и е познат на полицијата, престојувал 10 дена во луксузен хиотел на Капри, каде посетувал барови и ресторани и изнајмувал брод.
Неговото летување од соништата го прекинала полицијата која го фатила поради измама и лажно претставување. Кога пристигнале полицајците, тој продолжил лажно да се претставува и глумел дека е навреден.
Истрагата утврдила дека М.П. за време на пријавата во хотелот дал лажен документ. Кога требало да плати, покажал лажна потврда дека префрлил пари на сметка на хотелот или вкупно 10 илјади евра. Со истиот трик изнајмил и брод со екипаж, кое чинело 4.500 евра.
Хрватот го барала и полицијата од Рим за слични измами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“
Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан. Семејството, колегите, но и бројни пријатели и обожаватели се собраа на Градските гробишта во Чачак за да го кажат последното збогум и да се простат од него.
Хорот на гимназијата од Чачак по црковниот обред го испеа најголемиот хит на Бора „Погледај дом свој анџеле“, а овој момент расплака многумина и тоа беше најтажната сцена од гробиштата.
Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72) почина во средата на 4 септември во Љубљана по тешко боледување.Легендарниот рокер ќе почива во родниот Чачак, што му беше и последна желба.
Роден е на 1 ноември 1952 година.
Регион
Маж од Албнија вооружен со мачета се заканувал на полицајци во западна Германија, извикувал „Алах акбар“
Маж од Албанија вооружен со мачета бил совладан и уапсен откако рано утринава се заканил дека ќе убие полицајци во полициска станица во западна Германија, соопшти обвинителството.
Инспекторите рекоа дека веруваат дека тој имал исламистички, екстремистички мотив, пренесе АП.
Албанскиот државјанин (29) околу 02.40 часот пристигнал во полициската станица во гратчето Линц на Рајна, меѓу Кобленц и Бон.
Обвинителите рекоа дека тој извикувал „Алаху акбар“ – „Господ е голем“ на арапски – и рекол дека сакал да ги убие полицајците.
Дежурните полицајци ја заклучиле вратата од полициската станица и влезот во внатрешниот двор.
Осомничениот се обидел, но не успеал да ги натера да го отворат влезот, се вели во соопштението на обвинителот.
На местото на настанот биле повикани специјалци кои го совладале со пиштол за шокирање.
Инцидентотследи по нападот со нож на 23 август во западниот град Солинген, во кој осомничен екстремист од Сирија беше обвинет за убиство на три лица.
Регион
Сопругата на Бора Чорба се прости од рокерот со трогателни зборови: „Твоето срце ќе чука со нас засекогаш“
Легендата на рокот, Бора Ѓорѓевиќ, почина на 72 години, на 4 септември, а последен поздрав преку некролог во весник денеска му испратија сопругата Дубравка и другите членови на семејството.
Во Чачак, денеска, 6 септември, беше прогласен ден на жалост, а во Центарот за култура беше отворена книга на жалоста.
„Погребот ќе се изврши в сабота, 7.9.2024 година, во 14.30 часот, на градските гробишта во Чачак. Црковниот обред е во 14 часот. Сочувство ќе се прима од 13 часот. Драг наш, твоето срце ќе чука засекогаш со нас. Твоите песни засекогаш ќе бидат дел од нас… Ни подари грст спомени преку кои ќе те паметиме“, пишува во последниот поздрав на сопругата на Бора и семејството.