Регион
Црна Гора му даде одликување на Столтенберг
Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ го одликуваше генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, со медал на Црна Гора.
На церемонијата на подигнување на знамето на Црна Гора пред седиштето на НАТО Вујановиќ му се заблагодари на Столтенберг и на алијансата за помошта. Тој исто така ја стакна важноста од влегувањето на земјата во НАТО и подготвеноста на Црна Гора да придонесе активно во политиката на алијансата и на промоцијата на нејзините вредности и принципи.
Генералниот секретар Столтенберг ја изрази својата благодарност за конструктивната улога на Црна Гора во Западен Балкан и истакна дека таа секако ќе придонесе за промоција на вредностите и принципите на НАТО во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
