Регион
Чавушоглу вели дека е утврден идентитетот на напаѓачот од Истанбул
Напаѓачот во ноќниот клуб „Reina“ во Истанбул кој на новогодишната ноќ уби 39 луѓе е идентификуван, изјави во средата турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервјуто за агенцијата Anadolu.
„Идентитетот на лицето кое го изврши терористичкиот напад во Истанбул е утврден“, тврди Чавушоглу.
Напаѓачот по маскарот во ноќниот клуб успеа да се изгуби во метежот и натаму е во бегство, но шефот на турската дипломатија не го открива неговиот идентитет.
Во средата утрото се уапсени најмалку пет лица во градот Измир, во новиот бран потрага по осомничениот, а полициската операција продолжува во текот на денот. Претходно беа уапсени 14 лица за кои полицијата се сомнева дека се поврзани на некој начин со нападот во Истанбул.
Киргистанскиот државјанин Лакхе (Јајха) Машрапов, кој претходно се споменуваше како осомничен, во вторникот попладнето по испрашувањето во киргистанската тајна служба беше пуштен на слободата и против него не е подигнато обвинение.
Машрапов негираше дека е вмешан во нападот, објаснувајќи за новинарите дека на 1-ви јануари во Истанбул од Конја, каде што бил сместен со семејството, заминал „од деловни причини“, а во вторникот отпатувал откако турската полиција кусо го испитувала бидејќи личел на мажот осомничен за нападот.
Исламската држава во понеделникот ја презема одговорноста за овој терористички напад, порачувајќи дека „војникот на калифатот го нападна еден од најпознатите ноќни клубови во кој христијаните го слават нивниот богохулен празник“.
Напаѓачот, кој според очевидци и истрагата очигледно имал борбено искуство за дејствување во урбани средини, по масакрот успеа да избега во хаосот. Истрагата оценува дека можно е да е поврзан со терористичката ќелија којашто ланскиот јун иго изведе тројниот самоубиствен бомбашки напад во истанбулскиот меѓународен аеродром „Ататурк“ кога беа убиени 47 луѓе.
Се претпоставува дека напаѓачот е во централна Азија и оти потекнува од Узбекистан или Киргистан. Тој наводно бил „специјални избран“ за нападот во клубот, пишуваше Hurriyet.
Според Haberturk, деталите од нападот укажуваат дека терористот бил обучен за ракување со автоматска пушка. Тој користел двојна рамка за муниција поради оптимизација ан времето на полнењето и ги гаѓал своите жртви во горниот дел од телото.
Келнерот кој го преживеа нападот изјавил дека напаѓачот секогаш кога ќе му се потрошела рамката ќе фрлел нешто што се палело а тоа се случило најмалку трипати, Светлосните гранати ги фрлал зад себе за подобро да ги види своите жртви, а притоа да не биде заслепен, што е уште еден доказ дека бил обучуван, пишува турскиот весник Sozcu./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Израел ја користи војната за проширување на територијата, смета Турција
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го обвини Израел дека ја користи војната на Блискиот Исток како изговор за проширување на територијата.
„Израел не сака само да ја обезбеди својата безбедност, туку сака уште територија. Владата на Нетанјаху ја користи безбедноста како изговор за окупација“, изјави Фидан на дипломатски форум во Анталија.
Според него, покрај палестинските територии, Израел се обидува да ја прошири својата доминација и кон делови од Либан и Сирија.
„Ова е континуирана окупација и експанзионизам. Ова мора да престане“, рече Фидан.
Тој додаде дека конфликтот на Блискиот Исток ги оттурнал во втор план напорите за решавање на војната меѓу Русија и Украина.
Регион
Почина еден од основачите на бендот „Дивље јагоде“
Еден од основачите на рок-групата „Дивље јагоде“, Нихад Јусуфходжиќ, почина во средата во Бихаќ.
Музичарот имаше 73-години, а во последните неколку месеци се лекувал во Кантоналната болница во Бихаќ. За него претходно биле организирани и акции за дарување крв.
Веста за неговата смрт потресе бројни колеги, а од него се прости и пејачот Анте Јанковиќ.
„Денес ме затекна вест која тешко се прифаќа. Замина мојот пријател Нихад Јусуфходжиќ, човек со кој не делев само сцена, туку и дел од животот низ ‘Дивље јагоде’. Заедно свиревме, се смеевме и минувавме низ сè што музиката и вистинското пријателство можат да донесат. Тие спомени засекогаш ќе останат со мене. Ти благодарам за сè што беше и што остави зад себе. Почивај во мир, пријателу“, напиша Јанковиќ на социјалните мрежи.
Јусуфходжиќ, заедно со Сеад Липовача и Јанковиќ, ја основал групата „Дивље јагоде“, со која учествувал во снимањето на првите четири сингл-плочи и дебитантскиот албум од 1978 година.
Регион
Закани со бомби во двата најголеми трговски центри во Сараево
Два од најголемите трговски центри во Сараево мораа привремено да бидат затворени денес откако полицијата добила пријави за поставени експлозивни направи, потврди Министерството за внатрешни работи во Сараевската жупанија.
Saraevo City Center (SCC) и Алта, обете во самиот центар на градот и во близина на седиштето на државниот парламент и Советот на министри на Босна и Херцеговина, беа евакуирани во утринските часови, а полициски екипи беа испратени да ја проверат ситуацијата на терен.
Како што потврди за локалните медиуми портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Сараевската жупанија, Мерсиха Новалиќ, закани за бомби пристигнале преку е-пошта на адресите на полицијата и некои медиуми.
„Килограм експлозив во SCC, два килограми во Алта“
Во пораката се наведува дека „се поставени експлозивни направи“. Анонимните испраќачи наведоа дека во SCC е поставен еден килограм експлозив, а во Алта е поставен уред со два килограми експлозив со далечински управуван детонатор.
„Веродостојноста на содржината на заканите и ситуацијата на терен ќе бидат проверени“, рече Новалиќ.
