Регион
Шаленберг: 2021 година не смее да биде изгубена година за Балканот и за ЕУ
Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за Русија и Западен Балкан на состанокот в понеделник во Брисел. По барање на Австрија и осум други членки на ЕУ, Западен Балкан ќе биде на дневен ред на состанокот на Советот на министрите за надворешни работи.
Во однос на пристапот на тој регион кон ЕУ, 2020 година е изгубена година за целиот Западен Балкан, изјави шефот на австриската дипломатија, Александар Шаленберг.
Тој во изјавата посочи дека 2021 година не смее да биде уште една изгубена година бидејќи штетата ќе биде поголема.
Ако ЕУ му сврти грб на Западен Балкан, некој друг ќе го пополни вакуумот, предупреди Шаленберг.
Кога станува збор за Русија, ќе се разгледаат состојбите во односите меѓу Унијата и Москва, како и натамошните активности на Брисел, рече тој.
Според најавите, ќе се дискутира и за односите меѓу САД и ЕУ, па се планира обраќање на американскиот претставник за борба против климатските промени, Џон Кери, преку видеоконференција.
Во вторник министрите за европски прашања ќе разговараат за прашањето на таканаречените дигитални сертификати за коронавирусот.
Во рамките на ЕУ постои неединство за прашањето за враќање на слободата на патување, без карантин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

