Контакт

Регион

Шефицата на канцеларијата на ЕУ во Приштина: Убедете ги да ве признаат

Објавено пред

Шефицата на канцеларијата на Европската Унија во Приштина, Наталија Апостолова, ги охрабри властите во Приштина. Таа им порача дека треба повеќе да работат на тоа да ги убедат земјите кои ја немаат признаено косовската независност, да ја признаат во блиска иднина.

Шефицата на мисијата на Европската Унија, во чиишто рамки пет земји членки ја немаат признаено косовската независност, изјави дека Косово е рамноправно со другите земји во регионот.

Осврнувајќи се на неодамнешното усвојување на Платформата за дијалогот со Србија, што наскоро треба да се најде во косовското Собрание, Апостолова истакна дека овој чекор покажува ентузијазам од страна на политичките партии дека сакаат да работат на реформите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Почнаа изборите во Хрватска, за место во парламентот се борат 2.700 кандидати

Објавено пред

Во Хрватска, од 7 часот утрово беа отворени избирачките места за 10. парламентарни избори од независноста на земјата, на кои учествуваат 192 листи со 2.700 кандидати.

На изборите во Хрватска право на глас имаат 3,86 милиони избирачи, кои во Хрватска и во странство ќе гласаат на околу 7.000 избирачки места.

Гласањето ќе заврши во 19 часот, а Државната изборна комисија (ДИП) ќе започне со објавување на првите неофицијални резултати од 21 часот.

Хрватскиот парламент брои 151 член, а главната битка за места ќе биде помеѓу листите на сега владеачката ХДЗ на премиерот Андреј Пленковиќ и СДП предводена од Давор Бернардиќ, додека во предизборните анкети третото место го зазема Домашното движење на Мирослав Шкорo.

Во 10 изборни единици во Хрватска се бираат по 14, дијаспората бира три, а припадниците на малцинствата осум члена на парламентот.

На кандидатските листи има 41 отсто жени, а просечната возраст на кандидатите е 48,6 години.

Изборите ги следат скоро 8.700 набљудувачи, а околу 75.000 луѓе се ангажирани во спроведувањето на изборите.

Прикажи повеќе...

Регион

Романија на второ место во Европа по бројот на смртни случаи во последните 24 часа

Објавено пред

Трет ден по ред повеќе од дваесет луѓе починаа како резултат на инфекција со коронавирус во Романија.

Денеска се регистрирани 23 смртни случаи од изминатото деноноќие, со што Романија е на второто место во Европа по бројот на жртви во изминатите 24 часа, зад Русија, која денес забележа 168 починати.

Во Романија, досега вкупно 1.713 луѓе починале од коронавирус.

Регистрирани се 416 новозаразени лица, со што вкупниот број на заболени порасна на 28.582.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Црна Гора регистрирани најмногу заболени од почетокот на вториот бран

Објавено пред

Црногорскиот институтот за јавно здравје потврди 57 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е најголемиот дневен број од почетокот на вториот бран на епидемијата, на 14 јуни.

Во последните три недели во земјата се заразиле 396 лица, од кои четворица починале, а двајца се во состојба опасна по живот, објави Клиничкиот центар во Подгорица.

Во првиот бран, кој траеше од средината на март до почетокот на мај, имало 324 заразени.

Црна Гора беше прва земја во Европа која се прогласи за дестинација без корона, но по 42 дена без нови случаи, вирусот го донесоа граѓани кои по престојот во Србија се вратиле во земјата преку Босна и Херцеговина.

Тие избегнале карантин така што кај граничната полиција не пријавиле дека престојувале во Белград, на фудбалскиот натпревар меѓу Партизан и Црвена Ѕвезда.

На 1 јуни, црногорската владата ги отвори границите кон сите држави кои имаа број на активни случаи помал од 25 на 100.000 жители, но на оваа листа не беше соседната Србија.

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа33 минути

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет2 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет14 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија18 часа

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа18 часа

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија20 часа

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион21 час

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија21 час

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа22 часа

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт23 часа

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион23 часа

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет1 ден

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет1 ден

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет1 ден

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет1 ден

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион2 дена

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет2 дена

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет2 дена

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ2 дена

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија2 дена

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Досие