Регион
Шешељ: Само јас можам да го контролирам Вучиќ
Претседателскиот кандидат на Српската радикална партија, Воислав Шешељ во средата во Нови Сад изјавил дека ќе го победи кандидатот на владејачката коалиција Александар Вучиќ во вторниот круг од изборите и оценил дека „едиствено тој може да го контролира Вучиќ“, пренесуваат српските медиуми.
„Постои само еден човек кој може да го контролира Вучиќ, а тоа сум јас. Никој од останатите кандидати не може да го контролира Вучиќ, бидејќи тој е поспособен од нив“, рекол Шешељ на предизборен митинг во Нови Сад.
Лидерот на радикалите навел дека ќе го победи Вучиќ во вториот круг, пред се поради телевизискиот дуел, до кој „мора да дојде“. „Во последните 27 години победив во сите ТВ дуели“, рекол Шешељ.
Додал дека Вучиќ и Српската напредна партија мора „да се срушат од власт“, но не преку тоа што ќе се вратат некои други, туку единствено радикалите. Тој додал дека како претседател „непрекинато би ја притискал владата на Вучиќ да се откаже од ЕУ и поцврсто да се поврзе со Русија“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
