Регион
Авион на „Визер“ принудно слета во Романија поради закана за бомба

Романските власти соопштија дека авион на компанијата „Визер“, која летал од Грузија за Полска, бил принуден да слета на аеродромот во Букурешт поради закана за бомба.
Авионот „ербас А320“ на линијата Кутаиси-Варшава безбедно слетал кога бил пренасочен за Романија, пренесе АП.
Портпаролот на меѓународниот аеродром во романската престолнина, Валентин Јордакем рекол дека кога 173 патници го напуштиле леталото, авионот го однеле на изолирана локација на пистата, каде што е извршена проверка и скенирање на делот за багажот.
Авионот полетал пет часа подоцна за Варшава кога романските власти ја завршиле проверката. Јордаке рекол дека заканата за бомба на меѓународниот аеродром во Кутаиси телефонски ја упатил женски глас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.