Регион
Адвокатот на приведените Бугари: Шест часа биле тепани и врзани со лисици

Тројцата Бугари од партијата „Вазраждане“ кои беа приведени вчера на граничниот премин-Деве Баир, шест часа биле држени со лисици на рацете во полициската станица Крива Паланка. Биле претепани, по полноќ биле пуштени, откако платиле вкупно 1.700 евра со судски трошоци, изјави нивниот адвокат кој има канцеларија во Ќустендил. Двајца од нив биле и претепани, додаде тој, пренесе БНР.
Адвокатот на тројцата приведени од партијата „Вазраждане“ двапати отишол во Крива Паланка како нивен бранител.
„И двајцата беа модри…Георгиев очигледно имаше скршен нос. Им реков да одат на лекарски преглед. Окото беше сино, другите двајца немаа многу модринки на лицето…вечерва во 12:30-01:00 ги пуштија во лисици после шест часа, тие биле тепани овде – ги тепале на контролен пункт На еден телефонот му го нема – исчезнало Имало камери, ќе правеле истрага… Со претседателот на „Вазраждане“ синоќа плативме вкупно 1.700 евра, лично таму во полицијата во Крива Паланка“ изјави адвокатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.