Регион
Албанија: Лидерот на опозиција му се закани на премиерот, ако не поднесеш оставка, ќе завршиш како Мусолини

Претседателот на опозициската Демократска партија во Албанија Љуљзим Баша го повика премиерот Еди Рама да поднесе оставка, пишува во вторникот Albanian Daily News.
“Премиерот Еди Рама треба да е целосно свесен за фактот дека ние сме тука на протест за да му ја спасиме кожата. Да спречиме тој да не го заврши својот живот како италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини. Демонстрантите се мисионери на мирот, затоа што сакаат да ја намалат максималната цена на заминувањето на Рама од земјата “, рече Баша.
“Ако тоа не се случи, на следниот 18 февруари (датумот на кој почнаа антивладините протести во Албанија оваа година) ќе го најдеме во реката, а не во неговата канцеларија. Ние сме тука како патриоти, убедени сме дека ќе гарантираме слободни и фер избори и европската интеграција на земјата “, додаде опозиционерот .крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Загина поранешната „Мис Балкан“, пијана пеш бегала од полицијата и паднала од надвозник

Поранешната Мис на Балканот, 27-годишната Ѓулер Ердоган го загуби животот откако падна од надвозник на патот бегајќи од полициски контролен пункт, каде беше констатирано дека е во алкохолизирана состојба, пишува турски Хуриет.
Според „Хуриет“, несреќата се случила ноќта на 1 април. При проверката било констатирано дека била под дејство на алкохол, по што излегла од автомобилот и почнала да бега.
Ramazan Bayramı tatili için ailesinin yanına Giresun’a gelen Kosova Avrupa Güzeli ve model Güler Erdoğan, üst geçitten düşerek hayatını kaybetti.
Genç kadının ölümü ile ilgili soruşturma başlatıldı. pic.twitter.com/EBtIK8c5gV
— Mynet (@mynet) April 3, 2025
Обидувајќи се да побегне, таа се качила на надвозникот, но паднала на патот и се здобила со тешки повреди. Потоа ја прегазил друг автомобил.
Медицински екипи пристигнале на местото на настанот по пријава од случаен минувач. Од прегледот било утврдено дека таа починала. Според Хуриет, познато е дека Ердоган имал психички проблеми. За овој случај е отворена истрага.
Регион
Младо момче пропадна низ отвор на лифт во Сараево

На Природно-математичкиот факултет во Сараево денеска млад човек паднал низ отворот од лифтот, пренесува Radiosarajevo.ba.
„Денеска во 13 часот и 44 минути пријавена е оваа несреќа. Млад човек се обидел да излезе од лифтот и паднал низ отворот“, изјавиле од противпожарната бригада на Сараево.
Пожарникарите за две до три минути биле на местото на несреќата и го ослободиле, а момчето било при свест.
Откако пожарникарите го извлекле младиот човек, брзата помош дошла да го пренесе во болница.
Не е познато според написите, дали младиот човек е потешко повреден.
Регион
Лирман дојде скришум да се сретне со своите пулени во подрумот: Додик ја прогласи германската министерка за непожелна

Германската министерка за Европа и климатски прашања Ана Лирман требаше да одржи средба во Бања Лука со претставници на Партијата за демократски напредок (ПДП), но средбата беше откажана во последен момент, пишува „Klix.ba“.
Според потпретседателот на ПДП, Игор Црнадак, причина за откажувањето на состанокот е одлуката на Владата на Република Српска да ја прогласи министерката за персона нон грата, поради што таа ја напушта земјата.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, се огласи по повод средбата и ја повика полицијата да ја спроведе министерката. „Како и секој непожелен посетител, германската министерка Ана Лирман дојде во Бања Лука скришум да се сретне со своите пулени во подрумот“, рече Додик.
Како што пишува „Клик“, тој додаде дека очекува полицијата на Република Српска наскоро да ја испрати министерката. Додик, кој веќе е санкциониран од Германија и има забрана за влез во земјата, ја критикуваше и Германија, прашувајќи „во што западна некогаш моќната Германија“.