Регион
Американски експерти: САД нема воено да интервенира на Балканот

Претседателот на американскиот Институт за меѓународно право Дон Валас изјавил дека САД нема да го напушти НАТО, нити пак да ја промени политиката кон ЕУ, пренесуваат српските медиуми.
Валас рекол дека Вашингтон нема да промени ништо во односите со земјите од Западен Балкан. Американскиот експерт за РТС изјавил дека се уште не се знае што „Европа во две брзини“ ќе значи за нејзините членки, особено оние на истокот од континентот.
Американецот додал дека се уште постојат претпоставки околу тоа како ќе изгледа Унијата по Brexit и дали и како администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе треба да ја промени политиката кон Европа и НАТО.
„Целосно сум сигурен дека САД нема да го напушти НАТО, нити Европа. Сега за првпат испративме и војници во Норвешка. Целта е на Осло да му се даде дополнителна поддршка во однос на Москва“, рекол тој, наведувајќи дека „смета оти Brexit е ужасна работа, но дека Трамп го поддржал овој процес“.
„Но Трамп е оптимист во поглед на промените на односите со Русија. Исто така, шефот на Пентагон Џејмс Матис и потпретседателот Пенс веќе беа во Европа и порачаа дека нема потреба за нервоза – нема да има многу промени во политиката кон Европа“, рекол Валас, додавајќи дека смета оти нема да има промени нити во односите на Вашингтон кон Западен Балкан.
„За Западен Балкан ќе биде важно кои ќе бидат амбасадорите во земјите од регионот, помошниците или замениците државни секретари за регионот, бидејќи се уште не се именувани. Сметам дека нема да има воени интервенции, нити нешто слично. Трамп не верува во воените интервенции, не смета на тоа и тука нема опасност“, заклучил Валас./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Бугарија, десничарите против воведувањето на еврото

Приврзаниците на крајната десница денеска се судрија со полицијата за време на протестот за поддршка на бугарската валута лев и против воведувањето на еврото, јавува Анадолија.
Протестот се одржа пред Бугарската народна банка (БНБ) и пред претставништвото на Европската комисија во Софија.
Демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата на претставништвото на Европската унија, користејќи црвена боја, петарди и молотови коктели. Околу 10 полицајци се повредени, а шест лица се уапсени.
Демонстрантите потоа ја запалија вратата од зградата на претставништвото на Европската комисија во Бугарија, јави репортерот на БГНЕС.
Бугарските парламентарци минатата година усвоија нацрт-закон за преминување на еврото како национална валута од почетокот на 2025 година. Сепак, влезот во еврозоната беше одложен поради високата инфлација и други економски фактори.
Предлог-законот ги регулира принципите, рамката и процедурите за воведување на еврото во Бугарија и ги утврдува правилата и преоден период за да им се даде време на граѓаните да се прилагодат на новата валута.
Регион
Возач во БиХ наполнил гориво и побегнал без да плати

На бензинска пумпа во БИХ, непознато лице наполнило гориво и си заминало без да плати.
Покрената е истрага за кражба на гориво, веднаш реагирала полицијата, пишуваат тамошните медиуми.
Инцидентот го пријавил во полиција, вработен на бензинската пумпа.
По пријавата патролата веднаш излегла на терен и започнала истрага.
Регион
Вучиќ: Србија e една од најбезбедните земји во Европа

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Белград и Србија се меѓу најбезбедните градови или земји во Европа.
„Значи, државата и државните институции, и покрај валканата пропаганда на секојдневно ширење на несигурност, страв и се, си ја вршат својата работа на најчист можен начин и се погрижија денес и Белград како град и Србија како држава да бидат една од најбезбедните земји во Европа. Една од трите или четирите најбезбедни земји во Европа“, рече Вучиќ.
Тој наведе дека во 2001 година имало 3.140 разбојништва, а лани 496, дека во 2001 година имало 215 убиства, а во 2024 година 50 убиства и дека бројот на силувања е 3,4 пати помал од тогаш. Вучиќ додаде дека бројот на убиства постојано се намалува.
„Тоа значи дека воспоставивме добра соработка меѓу разузнавачко-безбедносниот сектор во целина и обезбедивме дa сме една од најбезбедните земји во Европа. Ова се добри резултати“, изјави Вучиќ.