Регион
„Батут“: 69 лица во Србија заболени од западнонилска треска
Во Србија од западнонилска треска до денеска заболеле вкупно 69 лица, соопшти Јавниот здравствен институт на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.
Пријавени се случаи од територијата на Белград и другите региони, и тоа на возраст од 18 до 89 години – соопштија од „Батут“.
Како што е наведено понатаму во истражувањето, до 6 септември 2023 година во Европската унија (ЕУ) и Европската економска заедница (ЕЕЗ), вкупно 387 случаи на западнонилска треска кај човечката популација се пријавени во: Италија (203), Грција (100), Франција (18), Унгарија ( 19), Романија (39), Германија (3), Шпанија (4) и Кипар (1). Регистрирани се 29 смртни случаи кои може да се поврзат со западнонилската треска и тоа: во Грција (13), Италија (9), Романија (6) и Шпанија (1).
Еден случај на западнонилска треска е пријавен и во Северна Македонија, пренесуваат српските медиуми.
Западнонилската треска е сезонско заболување кое се пренесува со каснување на заразен комарец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора
Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.
При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.
Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.
Регион
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
Во Бјеловар, Хрватска во семејна куќа се пронајдени две починати и едно тешко повредено лице, кое е префрлено во болница. Најверојатно се работи за насилна смрт, а според неофицијални информации, мажот ја убил мајката на неговата жена, а се обидел да ја убие и сопругата која е тешко повредена.
Напаѓачот, според првичните инфрормации се самоубил.
Хрватската полиција засега не ги потврдува неофицијалните информации дека се работи за убиство и самоубиство.
Полицијата дојавата ја добила околу 10 часот, а на местото се врши увид.