Регион
Бериша: Однесувањето на Рама во Блед е срамно, тој го создаде првиот режим на наркодржава во Европа
Лидерот на Демократската партија на Албанија, Сали Бериша, го нарече премиерот Еди Рама дрзок поради говорот што тој го одржа на Стратешкиот форум во Блед, Словенија, објави „Албанска пошта“.
Бериша рече дека однесувањето на премиерот Еди Рама е срамно.
Рама ги шокира со неговото однесување сите учесници, вклучително и новинарите, забележува бугарски „Бгнес“. Тој ја споредил Бугарија со Русија, но не ја потценил Хрватска, идентификувајќи ги двете држави како агресори.
„Бугарија лесно може да ја нападне Северна Македонија како Русија – Украина, Хрватска лесно ќе ја нападне Србија, Србија – Косово, а Босна може самата да се нападне. Ова го рече албанскиот премиер во дискусијата што може да се направи за побрз влез во ЕУ, како што сега се случува со Украина поради конфликтот со Русија.
Гледајќи го конфликтот во Украина и забрзувањето на патот кон ЕУ поради него, се прашувам: кој кого треба да нападне за побргу да влезе во ЕУ како Украина? И си одговарам: Бугарија лесно може да ја нападне Северна Македонија, без сомнение, Хрватска лесно може да ја нападне Србија, Србија – Косово, Босна може да се нападне без проблеми. Ние, Албанија, можеме да бараме од Грците да нè нападнат и тие со задоволство ќе го направат тоа, Црна Гора може само да лежи на плажа. И така сите ќе бидеме подготвени да влеземе во ЕУ заедно со Украина“, изјавил Рама.
Бериша на социјалната мрежа го напиша следново: „Во позиција на дрзок јастреб, Еди Рама, за да го изрази своето незадоволство од студениот однос на ЕУ кон Албанија, во Словенија изјави дека ако борбата за членство на Украина е земени како основа на ЕУ, балканските земји се подготвени да се напаѓаат едни со други. Ова е ненадејна, срамна изјава“.
Бериша додаде дека „Украинците го потпишаа статутот за кандидат за членство на својата земја во ЕУ со крв, херојство, жртви и извонредна борба и отпор, мачеништво на стотици илјади нивни синови и ќерки за слободата и суверенитетот на својата земја од варварскиот руски агресор, но и во заштитата на слободата и суверенитетот на сите слободни народи во Европа“.
„Еди Рама го создаде во Албанија првиот и единствен режим на наркодржава во Европа, заснован на организиран криминал, наркотици, корупција на албанските администратори, што ги принуди Албанците да ја напуштат Албанија повеќе отколку што останаа Украинците од руското бомбардирање на нивните села и градови“, заклучува Бериша и додава дека „за Албанците е срамно тоа што им го претставува Рама“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

