Регион
Блинкен: Приоритет на САД и Косово е нормализација на односите со Србија

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека приоритетите на САД и Косово се зајакнување на безбедноста и стабилноста на Косово и на Западен Балкан, како и нормализација на односите со Србија, фокусирани на заемно признавање.
„Оваа година САД и Косово ги потврдија своето силно партнерство и заедничка посветеност на демократијата во Косово во соочувањето со новите предизвици во европската безбедносна средина“, рече тој по повод 15-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово.
„Напредокот на Косово во текот на 15-те години независност е извонреден по неговите големи чекори во развојот на стабилна, мултиетничка, инклузивна демократија“, се вели во честитката на Блинкен упатена до косовските власти, пренесува „Танјуг“.
Тој наведе дека Вашингтон силно го поддржува француско-германскиот предлог за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, кој неодамна беше предложен со поддршка на Европската Унија, со што значително ќе се подобрат регионалната стабилност и европската и евро-атлантската интеграција.
Блинкен го пофали напредокот на Косово во „промовирање и подобрување на демократските вредности и зајакнување на институциите за добро владеење, владеење на правото и економски можности за сите граѓани“, беше објавено на официјалната веб-страница на Стејт департментот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.