Регион
Борисов го налути Дачиќ: Бојко, да ти кажам јас една работа

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, му порача на бугарскиот премиер Бојко Борисов да го почитува ставот на ЕУ за независноста на Косово.
Изјавата на Дачиќ следи како реакција на коментарот на Борисов дека шпанскиот дипломат Жозеп Борел треба да ги застапува интересите на ЕУ за независноста на Косово, а не и на неговата земја, која не го признава Косово. На тоа, Дачиќ за РТС изјави дека ставот на Унијата не е дека Косово е независно.
„Бојко, да ти кажам една работа, ставот на ЕУ не е дека Косово е независна држава. Ти, Бојко, има да го почитуваш ставот на ЕУ, а не да му држиш лекции на Борел. Што значи тој безобразлук, на што личи. Доста ми е веќе од тоа, а да не заборувам дека пред неколку месеци доби наше одликување“, изјави Дачиќ.
Тој рече дека е сигурен оти Борел нема да се однесува на тој начин што ќе ги поддржува настојувањата на некои земји кои го признале Косово.
Дачиќ во изјавата оцени дека меѓународната заедница и ЕУ се однесуваат како духовни лидери, „монаси на Тибет“.
„Се залагаат за мир во светот, наместо да ја водат ЕУ и јасно да ги изречат своите ставови“, изјави Дачиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Украинско комбе се судри со руски камион во Словенија, петмина загинати

На автопатот кој ги поврзува Марибор и Љубљана, во близина на излезот Словенска Коњица, во правец на Љубљана, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а две се повредени. Несреќата се случила кога патничко комбе удрилo во камион. Сите жртви биле странски државјани, соопшти словенечката полиција, јавуваат медиумите во регионот.
Според досега утврденото, возачот на комбе со украински регистарски таблички, кое превезувало седум лица, поради несоодветна брзина, удрил во задниот дел од приколка која стоела во ред поради работи на автопат. Пет лица загинале во комбето на местото на несреќата.
Возачот, кој ја предизвикал несреќата, е полесно повреден, додека патничка е тешко повредена. Двајцата повредени се пренесени во болница, а тешко повреденото лице е пренесено со хеликоптер. Идентитетот на загинатите сè уште се утврдува.
Возачот на камионот, руски државјанин, не е повреден, но му е понудена психолошка помош поради сериозноста на несреќата, објавува Радиотелевизија Словенија. Несреќата се случила непосредно пред одморилиштето Тепање, на дел од автопатот каде што се во тек големи работи – се реновираат 13 километри пат, два тунела и три вијадукти. Полицијата потврди дека несреќата се случила пред работната зона каде што се формираат долги редици поради затворени ленти.
Фото: принтскрин
Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.