Регион
Борут Пахор ја напушта словенечката политика

Словенечкиот претседател Борут Пахор, чиј втор последователен мандат истекува в година, рече дека нема планови за словенечката политика. Тој рече дека е задоволен од она што го постигнал за десет години како претседател.
„Многу ми е важно да си ја работам работата до последниот ден од следната година за да може задоволен да си заминам од ова место“, рече тој во традиционалното предновогодишно интервју за словенечката телевизија.
„Тогаш, по десет години, ќе може да кажам: она за што се натпреваруваше за оваа позиција повеќе или помалку го постигна, а сега можеш да си заминеш со чиста совест“, рече Пахор.
Кога ќе ја напушти функцијата, Пахор ќе има 59 години и вели дека нема интерес за словенечката политика, но не открива што ќе прави.
Заедно со премиерот Јанез Јанша, кој е пет години постар, Пахор е еден од словенечките политичари со најдолг стаж од оваа генерација. Беше претседател на Собранието, премиер, но и лидер на опозицијата, како и неполн мандат и пратеник во Европскиот парламент.
На претседателските избори во 2012 година тој го победи својот претходник Данило Тирк во вториот круг од изборите.
Инаку, Словенија в година трипати ќе оди на избори, првин на парламентарни, а наесен и на претседателски и на локални.
Пахор работата на владата на Јанша ја оцени како успешна и додаде дека одлуката за распишување парламентарни избори официјално ќе ја соопшти на 9 февруари, а тие ќе се одржат на 24 април.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.