Регион
Брнабиќ: Ќе треба да изградиме споменик за Кина за помошта што ни ја дава во кризна ситуација

Србија ќе мора да ѝ изгради посебен споменик на Кина, само за поддршката што земјата ни ја дава во оваа итна ситуација со коронавирусот, изјави денеска српската премиерка, Ана Брнабиќ.
Брнабиќ во телевизиско интервју објави дека српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска ќе оствари разговор со кинескиот амбасадор Чен Бо за првиот контингент помош што во Србија го упати кинескиот претседател Шји Џјинпинг.
Премиерката Брнабиќ не ја исклучува можноста земјата вечерва да воведе подрастични, како што рече, најтешки мерки, за да се спречи ширењето на коронавирусот и уште еднаш го повтори апелот до граѓаните од дијаспората да не доаѓаат во Србија со оглед на фактот дека во последните два дена во земјата влегле повеќе од 35.000 луѓе.
Брнабиќ изјави дека голем број граѓани вчера не ги сфатиле сериозно препораките и мерките на владата додавајќи дека се чини оти денеска ситуацијата е подобра, но дека тоа не е ни приближно доволно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.