Регион
(Видео) Бугарија од денеска ги замрзна цените на струјата, парното и водата
Бугарскиот Парламент одлучи замрзнувањето на цените на струјата, парното и водата да трае од 16 декември до 31 март. Одлуката стапува на сила по објавувањето во Државниот весник.
Цените се замрзнати на денешното ниво, а не како што беше прифатено вчера – на вредностите од 1 јануари, јави БГНЕС.
Пратениците на МРФ не учествуваа во гласањето, а само тројца учесници од ГЕРБ гласаа против. Замрзнувањето на цените беше усвоено со 132 гласа ЗА, 4 против и 2 воздржани.
МРФ се обиде да поднесе предлог за укинување на мораториумот, но само 24 пратеници го поддржаа нивниот предлог. ГЕРБ се обиде да ја истурка идејата за компензација за бизнисот, но таа беше одбиена, а најмалата пратеничка група, онаа на Вазраждане, предложи мораториумот да важи до април, а и овој предлог беше откажан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во БиХ
Земјотрес со јачина од 2,9 степени ја погоди денеска Босна и Херцеговина.
Епицентарот бил во близина на Мостар.
Засега не се знае дали е причинета материјална штета.
Регион
Пумпата за базен го повлекла момчето на дното: детали за трагедијата на Златибор
Момче (6) од Белград вчера се удавило во базен на познат хотел на Златибор, а според неофицијални информации, смртта ја предизвикала пумпата од базенот. Кога момчето нурнало, наводно пумпата го повлекла на дното.
Очевидците на оваа трагедија со сите сили се обиделе да го извлечат детето, но не успеале поради вакуумот, а момчето починало.
По наредба на Основното јавно обвинителство во Ужице, на телото на момчето е наредена обдукција.
Полицијата го уапсила сопственикот на фирмата за одржување на базените. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. Тој беше обвинет за тешко дело против општата безбедност.
Повреденото момче било придружувано од жена за која постои сомневање дека е баба му, пишува „Блиц.рс“.
Екипата на „Блиц“ стапила во контакт со хотелот во кој се случила трагедијата, но од вработените велат дека не сакаат да даваат изјави за медиумите.
Регион
Работник за одржување базен уапсен поради смртта на момче на Златибор
Полицијата му одредила притвор до 48 часа на одговорниот за одржување на базенот на Златибор, каде што се удави момче (6).
Како што соопштија за „Танјуг“ во Основното јавно обвинителство во Ужице, уапсениот се сомничи за сторено тешко кривично дело против општата безбедност.
Шестгодишно момче на 1 октомври се удави во базен на хотел на Златибор.
На телото на момчето е наредена обдукција.