Регион
(Видео) Бугарски свештеник со крст мавташе пред конвојот на Зеленски
Свештеник со крст вчера истрча пред автомобилите од колоната на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во центарот на Софија и покрај тоа што масовното полициско присуство ја опколи целата област на рутата на шефот на државата.
Човекот истрча на улицата на раскрсницата пред Универзитетот во Софија извикувајќи „Анатема, Зеленски, фашистичка Украина, западни сатанисти“, пренесуваат бугарските медиуми споделувајќи видео од инцидентот.
Тој истрча покрај коловозот и мавташе со голем крст пред конвојот на претседателот, но не успеа да се доближи до Зеленски, а колоната мина покрај него со огромна брзина.
Но, полицајците веднаш го привеле и го извлекле од патот, како што може да се види на снимката.
Човекот е истиот што го нападна и Кирил Петков со претставниците на „Продолжуваме со промената“ при враќањето на веќе завршениот мандат за редовна влада на 6 јуни годинава.
Се наведува дека станува збор за активист за претседател на граѓанското здружение „Пријатели на Русија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ до Силјановска Давкова: Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме на зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија
Српскиот претседател Александар Вучиќ и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија.
„Им честитам на Гордана Силјановска Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија и и посакувам успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија со цел на напредокот и благосостојбата на нашите народи, како и на просперитетот на целиот регион“, изјави Вучиќ на платформата Икс.
„Многу ми значат вашите честитки“, му одговори Силјановска Давкова на Вучиќ по упатената честитка.
„Вашите искрени честитки ми значат многу претседателе Вучиќ. Очекувам дека ќе продолжиме да работиме на подобрување на одличните македонско-српски односи. Ви благодарам многу претседателе Вучиќ! напиша таа во својот одговор на социјалната мрежа X.
Регион
Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена
Како што пренесува „Нова.рс“, на ниеден од предметите што биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги од двегодишната Данка Илиќ од Србија.
Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, го удриле девојчето. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ ниту во самиот автомобил ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.
Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата „Водовод“ од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ, биле на работна задача на 26 март кога во Бањско Поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службеното возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија, од каде што два дена подоцна Дејан со својот татко (73) и сега починатиот брат Далибор (40) наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.
Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца, од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче, чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и ‘рбетниот столб.
Таа била итно префрлена во КЦ „Ниш“ на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница, каде што во тек е понатамошна дијагностика, а другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.