Регион
(Видео) Вознемирувачка снимка од Хрватска: во близина на Загреб мачени кучиња, черепи и коски насекаде
Загрепската полиција поднела пријава против 47-годишна жена, која на запуштен имот во Дубравица кај Запрешиќ ги подложила животните на страшни маки, пренесува index.hr.
Полициската управа (ПУЗ) во Загреб соопшти дека 47-годишната жена е пријавена поради сомнение дека сторила кривично дело убивање или мачење животни врз основа на пријава во Полициската станица Запрешиќ за можно сомнение за злоупотреба на животни.
Полицијата прецизира дека постои сомнение дека 47-годишната жена стекнала, а потоа чувала десет кучиња од разни раси и возрасти, како и едно јаре, кому не му обезбедувала доволно количество вода, храна и ветеринарна нега, го чувала во метални кутии и во други објекти.
„Се сомнева дека со ваквиот третман ги изложила животните на непотребно страдање поради што починале две кучиња и едно јаре поради недостиг од ветеринарна грижа, а другите животни биле тешко малтретирани и им биле предизвикани непотребни болки и маки. Осомничената е предадена на надзорникот на притворот, а до надлежното Државно обвинителство е поднесен посебен извештај“, соопштија од полицијата.
Здружението што се грижи за напуштените животни на „Фејсбук“ објави низа вознемирувачки снимки од имотот.
„Кога излеговме да одговориме на пријавата, затекнавме хорор. Седум од нив се безбедни. Ве молам, ако некој види помало куче, околу 10 кг, црно, и кафеаво со пократка опашка, веднаш нека нѐ извести. Детали за овој хорор ќе објавиме подоцна, истрагата е во тек“, напишаа покрај првото видео.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Жителите на Нови Пазар утрово ги разбуди слаб земјотрес, известуваат медиумите во Србија.
Јачината на земјотресот е 2,5 степени според Рихтеровата скала, а е регистриран во 7 часот и 37 минути.
Се проценува дека интензитетот на ударот во епицентарот е III-IV од Меркалиевата скала.
Регион
(Видео) Градоначалникот на Белград му се закани на маж и му го фрли мобилниот: Се чувствувал загрозен, објавија српските медиуми
Александар Шапиќ, градоначалник на Белград и кандидат за нов мандат на СНС, денеска предизвика инцидент и му го скрши мобилниот телефон на маж.
Имено, Шапиќ се појави на прес-конференција на која требаше да зборува за отстранување на сплавовите на савскиот насип, а потоа почна да разговара со граѓаните, што набрзо доведе до инцидентот.
По краток разговор тој почнал да си оди, кога еден од граѓаните почнал да го снима. Во тој момент Шапиќ му го зел мобилниот телефон и го скршил, пренесува Нова.рс.
Prostački napada @AcaSapic na aktiviste- otimanje telefona, razbijanje o beton i salva pretnji i uvreda tzv. gradonačelnika danas na Savskom keju. pic.twitter.com/6ImjFn9JQ1
— Petar Djuric (@Petar__Duric) May 9, 2024
Имено, како што пишува српскиот портал, мажот прашал до која година може да се легализираат дивоградбите, по што Шапиќ бурно реагирал.
На снимката се слуша како еден човек вели дека Шапиќ почнал да се заканува, со неколку пцовки, по што Шапиќ му го скршил мобилниот телефон.
Не е првпат неговите конференции да бидат обележани со физички инциденти и навреди.
Човекот кому Шапиќ му го скрши мобилниот телефон е активистот Александар Цвркотиќ, кој за Данас изјави дека го прашал кандидатот на СНС до кога може да се легализираат објектите. „Слушнав дека неговата куќа е изградена по годината пропишана со закон“, рече Цвркотиќ.
Регион
Кси Џинпинг му подари скулптури на Вучиќ кои го симболизираат кинеско-српското пријателство
За време на официјалната посета на Белград, кинескиот претседател Кси Џинпинг на српскиот претседател Александар Вучиќ му подари скулптури на Небесниот храм во Пекинг и Храмот на Свети Сава изработени од челик.
Фотографија на Кси Џинпинг и Вучиќ во присуство на нивните сопруги кои ги гледаат подароците беше објавена на интернет од страна на помошничката министерка за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг, а пренесена од Спутник.
President Xi gifted President Vučić sculptures made of steel produced by the HBIS Smederevo steel plant. pic.twitter.com/66Mh5cae5v
— Hua Chunying 华春莹 (@SpokespersonCHN) May 9, 2024
Таа во најавата наведе дека на скулптурите се претставени небесниот храм во Пекинг и храмот Свети Сава во Белград, кои го симболизираат кинеско-српското пријателство.