Регион
(Видео) Вучиќ го отвори Балканскиот тек: Наскоро значително пониска цена за приклучок на гас
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово го отвори новиот гасовод кој низ Србија поминува од бугарската до унгарската граница.
„ Ова за нас е голема и важна работа. Досега грешевме што скапо наплаќавме приклучок па луѓето користеа цврсти горива наместо гас кој е почист“ изјави Вучиќ и додаде дека гасот со секундарна мрежа треба да стигне до многу места ширум Србија.
„ Ова е важен ден за нас и нашата земја, гасот нека тргне и да бидеме уште поуспешни. Да живее Србија и пријателството помеѓу Србија и Русија“ порача тој.
Како што известувааат српските медиуми набавната цена на гасот преку овој гасовод е до 155 долари, со многу пониски трошоци за транспорт отколку преку другиот гасовод преку кој досега се снабдуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Убиен син на хрватски пејач во Еквадор: Го застрелале две лица на мотор, го убиле со четири куршуми
Томислав Зеленчиќ (48), хрватски државјанин, е убиен во вооружен напад во Манта, во провинцијата Манаби во Еквадор, што го прави четврта жртва во регионот во последните три дена. Зеленчиќ, кој живееше во тој град повеќе од 20 години, беше убиен во напад во вторник, на 26 ноември, во 10 часот, во близина на неговиот дом во населбата Јоцај.
Според изјавите на сведоците, жртвата се движела по тротоарот во близина на неговата куќа, а нападот го извршиле две лица на мотор. Напаѓачите, според еквадорските медиуми, испукале најмалку четири куршуми кон Томислав Зеленчиќ пред да побегнат. Тешко повредениот Хрват останал да лежи на улица во локва крв. Соседите и роднините со приватно возило го пренеле во болницата ИЕСС Манта, каде и покрај напорите на медицинскиот персонал набрзо починал. Полицијата излегла на местото на настанот за прибирање докази. Телото е пренесено во Судскиот центар Манта за понатамошна обдукција. Мотивот за нападот се уште не е познат, а властите започнале интензивна истрага за откривање на сторителите.
Јутарњи лист пишува дека Зеленчиќ е син на пејачот Инослав Ино Зеленчиќ, основач на групата Задар експрес. Пред многу години, Томислав се преселил во Панама, каде што работел на рибарски бродови, по што се преселил во Еквадор. Еквадорските медиуми објавија и дека Зеленчиќ во 2016 година поднел пријава за грабеж, кој била набрзо решен
Регион
Почина 13-годишното девојче кое падна од шести кат од зграда во Мостар
Почина тринаесетгодишното девојче кое падна од балконот на шестиот кат во зграда во Мостар.
Информација за „Аваз“ ја потврдил Људевит Мариќ, портпарол на полицискиот оддел на МУП на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Инцидентот бил пријавен во полиција во 14 часот и 30 минути, а на лице место бил спроведен увид, предводен од дежурниот кантонален обвинител на Обвинителството на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Како што беше речено, преземени се сите потребни истражни дејствија за целосно расветлување на сите околности на овој настан.
Во моментот на падот, според „Аваз“, девојката била сама во станот, а малку порано нејзината мајка излегла да пазари во блиската продавница.
Откако дознала за несреќата, жената доживеала шок.
Регион
Тринаесетгодишно девојче паднало од шести кат од зграда во Мостар
Тринаесетгодишно девојче е во тешка состојба откако паднало од балкон на станбена зграда во Мостар.
Таа е хоспитализирана во Универзитетската клиничка болница Мостар, пренесува Klix.ba потврда од оваа здравствена установа.
Според првичните информации како што пишува медиумот тоа се наоѓа на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Според неофицијални информации, девојката паднала од шести кат.
Засега не се познати околностите за нејзиниот пад, според написите.