Регион
(Видео) Вучиќ: Не се борам ниту за Путин ниту за Бајден, гајле ми е за нив

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за ситуацијата во Украина и на фактот дека Србија сè уште нема воведено санкции кон Русија.
„ Истраевме 210 дена со стабилна политика, мислам дека никој не го очекуваше тоа… Патот на Србија е многу тежок, трнлив… но тоа е пат кој се грижи за интересите на државата. Нема да биде лесно во иднина“, рече Вучиќ.
„ Јас не се борам за Путин или Бајден, туку за Србија, оваа земја… Не ми е гајле за странските лидери“, додаде Вучиќ и изјави дека притисоците ќе се зголемуваат.
„Гледам како Србија во овие тешки моменти нема да биде под нивен напад и затоа што треба да размислуваме за денот потоа, како што изјави денеска Ангела Меркел“, рече Вучиќ и додаде дека притисокот врз Србија ќе се множи.
Тој вели дека на Запад се зголемува нервозата и дека политичките партии и медиумите ќе бидат вклучени во притисокот врз Србија. Тој во своето обраќање го повтори ставот на Србија за референдумите во Украина.
Вучиќ рече дека Србија нема да ги признае референдумите во областите Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) „Почна со чад, а потоа се слушнаа сирени“: двајца повредени во пожар на туристички брод во Далмација

Хрватските пожарникари добиле повик за пожар на туристички брод во Макарска во 8.23 часот утрово. Горел бродот „Казанова“.
Полицијата потврдила дека пожарот почнал во кујната. „Далмација данас“ дознава дека две лица побарале медицинска помош во Здравствениот центар во Макарска.
Неофицијално, дознале дека повредите се полесни изгореници.
„Почна со чад, а потоа се слушнаа сирени“, изјавил читател за „Далмација данас“.
Полицијата и пожарникарите реагираа на местото на настанот. Пожарот е локализиран. Во тек е полициска истрага за да се утврди причината за пожарот.
Фото: принтскрин
Регион
Трагедија во БиХ: едногодишно дете се удави во базен пред куќа

Едногодишно дете се удави вчера во базен во дворот на семејна куќа во Козарац во близина на Приједор.
Според Аваз, несреќата се случила вчера попладне околу 17:30 часот.
На местото на настанот биле и членови на Полициската управа во Приједор, кои утврдиле дека нема елементи на кривично дело.
Фото: принтскрин
Регион
Србинка го убила сопругот со рачка од секира додека спиел: „Сакала да ѝ го префрли имотот“

Четириесет и петгодишна жена од Стара Пазова, Србија, го убила својот сопруг со рачка од секира додека спиел, а како што се сомневаат, нејзиниот љубовник и бил соучесник, пишува српски „Блиц“.
Според сосед на убиениот маж од Стара Пазова, жртвата со години живеела со сопругата, која на крајот го убила.
„Таа сакала имотот да ѝ биде префрлен, но тој одбивал. Поради тоа, тие постојано се карале. Таа беше проблематична, а тој беше навистина добар човек“, рекол жител на Стара Пазова.
Ќерката на убиениот човек раскажала дека на судбоносниот ден, нејзиниот татко им испратил порака од мобилниот телефон на колегите на работа, велејќи дека нема да доаѓа на работа.
„Тоа ни беше чудно на сите нас бидејќи татко ми не знаеше да пишува пораки, знаеше само да одговара на повици. Не се појави на работа кога требаше, што значи дека пораката најверојатно ја испратила од телефонот на татко ми, жената убиец“, рекла ќерката на убиениот.
Како што пишува „Блиц“, сопругата на убиениот маж, ноќта помеѓу 17 и 18 јули во Стара Пазова, го удрила својот сопруг неколку пати по главата со дрвена рачка од секира, по што тој починал на местото на настанот.
После тоа, таа повикала маж, за кој постои сомневање дека е нејзин љубовник, а ноќта помеѓу 18 и 19 јули, двајцата го однеле телото на 60-годишникот до полски пат, каде што го оставиле. Предметите со траги од крв ги фрлиле во нива со пченка недалеку од куќата на убиениот.
Фото: принтскрин