Регион
(Видео) Голем пожар во фабрика за бои и лакови во Србија: работниците се евакуирани, а по еден се трага
Голем пожар денеска избувна во фабриката за бои, лакови и фасади „Евројуг“ во Шид, работниците се евакуирани, а според првите информации ,нема повредени, но се трага по еден работник.
Од полициското одделение на Сремска Митровица за „Н1“ велат дека пожарникарите се на терен, дека областа е обезбедена и дека патот Вашице – Шид, кој води до фабриката, е затворен.
Според досегашните информации, нема повредени, но причинета е голема материјална штета и се слушнале голем број експлозии.
View this post on Instagram
Општина Шид апелира до граѓаните да не ги напуштаат домовите доколку е апсолутно неопходно бидејќи се работи за фабрика за бои и лакови, а доколку граѓаните сакаат да излезат надвор, треба да носат влажна маска на устата и носот.
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека сѐ уште се истражува причината за пожарот.
„Работниците се евакуирани од просторот на фабриката и сѐ уште се трага по еден работник“, рече министерот.
Претставникот на Националното еколошко здружение, Миленко Јовановиќ, коментирајќи го големиот пожар во фабриката за бои, лакови и фасади „Еврјоуг“ во Шид, за „Н1“ вели дека состојбата не е безбедна за граѓаните и дека е опасна за здравјето, но не се знае колку.
Општина Шид на својот фејсбук-профил соопшти граѓаните да не ги напуштаат своите домови, барем додека не се изгасне пожарот.
Според медиумите, сите надлежни екипи се на терен да го стават пожарот под контрола.
Причината за пожарот сѐ уште не е позната.
Огнот ги зафатил материјалот и производството, а се шири густ црн чад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

