Регион
(Видео) Грчка новинарка не издржа и заплака во живо додека разговараше со постар жител на Евија
Дека новинарската работа е тешка и многу стресна, особено кога станува збор за вонредни ситуации, покажува и случајот на младата грчка новинарка Евлампија Реви, која работи за „Отворена ТВ“ и известува за погодените области од пожар, а која во живо програмата додека разговараше со еден локален жител доживеа емоционален слом.
Евлампија вчера го посети малиот град Галатосон на грчкиот остров Евија. Додека се приближувала до една од куќите ѝ пришол постар жител на ова мало место и почнал да разговара со неа. Тој објасни дека не спие со денови, бидејќи се обидува да ја заштити својата куќа од пожар. Новинарката постојано бараше од старецот да си замине, бидејќи не можеше да дише од чадот.
Тој ја праша каде да оди и дека ако дојде пожарот, тој нема да се плаши. Човекот објасни дека повеќе се плашел за својата куќа, поради што останал да ја брани ако стигне пожарот.
Новинарката инсистираше да му се каже да ја напушти куќата од безбедносни причини и да замине на сигурно. Евлампија предложи да биде пренесен, доколку не постои можност тој да замине сам. Во еден момент, таа го соблече ранецот и се обиде да ја побара маската, но ја немаше. Тогаш старецот почна да плаче, а заедно со него, заплака и таа и тоа во програмата во живо.
„ Мора да заминете, пристигна наредбата за евакуација“ – рече новинарката.
„ Заминувам утре, одам во Атина“, одговори старецот.
„ Сега треба да си одите“, додаде таа.
„ Како, каде да одам?“ прашува старецот.
„ Дојдете и ние ќе ве однесеме“, рече таа.
Овој момент го следеа голем број грчки граѓани, проследено со лавина коментари за поддршка на младата новинарка.
Евалимпија утрово дозна дека грчката полиција го евакуирала постариот човек и дека тој е безбеден и згрижен. Младата новинарка исто така, се заблагодари за сите пораки за љубов и поддршка што ги доби. Таа додаде дека е важно старецот од видеото да ја има целата љубов и грижа и од државата и од членовите на неговото семејство. Евалимпија додаде дека подоцна дознала дека членовите на неговото семејство го напуштиле и побегнале.
„Што се однесува до мене, јас само ја завршив својата работа, како и многу други колеги. Само понекогаш се распаѓаме, бидејќи и новинарите се луѓе. Ви благодарам”, напиша таа на својот профил на Фејсбук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови
Неколку часа траеше прекинот на работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако непалските работници изразија незадоволство од условите, јави „Индекс“
Синдикатот NSRH информира дека странските работници, најмногу од Непал, реагирале на ниските плати, прекувремената работа и условите. Во објектот работат околу 100 странци и околу 70 домашни работници.
Синдикатот предупреди и на случајот со седуммина непалски работници кои по зачленување во синдикат биле изложени на притисоци и закани со губење на работен и престојувачки статус.
Штрајкот е прекинат откако им било ветено дека во понеделник ќе имаат средба со лице од повисоко раководно ниво.
Регион
Европската комисија повторно бара истрага за можната употреба на звучен топ на протестите во Белград
Европската комисија уште еднаш ги повика српските власти да спроведат брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводната употреба на звучен топ за време на антивладиниот протест во Белград на 15 март 2025 година, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Повикот доаѓа откако европските медиуми повторно го покренаа прашањето, а Политико објави дека српските разузнавачки служби, во соработка со руската ФСБ, тестирале звучни уреди на кучиња во обид да утврдат дали е користено звучно оружје врз демонстрантите.
Во извештајот што српскиот претседател Александар Вучиќ го презентирал, се тврди дека уредите не предизвикале реакции кај животните, па оттука било заклучено дека звучен топ не бил користен на протестот. Руската страна не коментираше за извештајот, пренесе РСЕ.
Во изјавата на Европската комисија се нагласува дека „односите со Русија не можат да продолжат како и досега, особено кога се работи за безбедносни прашања“, и се потсетува дека властите имаат обврска да ги заштитат демонстрантите од повреди и насилство.
Српските власти подоцна признаа дека полицијата поседува звучни уреди, но тврдат дека „никогаш не биле употребени“.
Демонстрантите сведочеле за силни и необични звуци, вибрации и здравствени тегоби по протестот – како вртоглавици, несвестица, покачен притисок и нарушувања на слухот.
Настанот го истражува и Европскиот суд за човекови права.
Фото: ЕПА
Регион
Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика
Бројот на микропластични честички во Јадранското Море драматично се зголемува, понекогаш надминувајќи половина милион на квадратен километар. Научниците велат дека опасните хемикалии можат да влезат и во синџирот на исхрана преку него, објавува Dnevnik.hr.
Просечната концентрација на микропластика во Јадранското Море е околу 250.000 честички на км². Според мерењата на водите во Ровињ, бројот понекогаш достигнува 600.000.
„Досега, сите примероци што ги обработив имаа микропластика. Нема примерок што го обработив досега, а кој немал микропластика“, рече Виктор Стинга Перуско од Центарот за морски истражувања на IRB во Ровињ.
„Бројот постојано расте бидејќи имаме нов влез, додека се произведува пластика, можеме да бидеме сигурни дека оваа пластика ќе заврши во морето во одреден момент“, додаде тој.
Голем дел од влакната што се невидливи за окото доаѓаат и од домаќинствата. И со секое перење на машината за перење, додаваме уште малку. Влегува во организмите на рибите, а потоа и во нашите тела преку храната.
Влијанието врз здравјето, велат научниците, сè уште не е доволно истражено.
фото/Depositphotos

