Регион
(Видео) Грчкиот државен обвинител нареди истрага за пожарите

По сè почестите индиции за подметнати пожари, државниот обвинител Василиос Плиотас нареди истрага за да се утврди дали има организиран план за предизвикување пожар што сега ја опустошува и уништува целата земја.
Во Грција избувнаа повеќе од 500 пожари, поради што неколку илјади луѓе беа евакуирани од десетици населени места.
Пожарникарите ја поминаа ноќта обидувајќи се да спречат пожарите да се прошири во станбените области во регионот Гортини на Пелопонез, каде што беа евакуирани повеќе од 20 села.
Пожарите продолжуваат да беснеат на претежно непристапен терен во близина на областите Фанараки, Кастраки, Пири, Лотус, Лиодора, Хрисокор и Дафне, а голем дел од обработливото земјиште и неколку дополнителни рурални објекти се уништени, додека електричната енергија и снабдувањето со вода се во прекин, пренесува „Катимерини“.
Властите евакуираа 21 село како мерка на претпазливост, а пожарникарите денеска очекуваат засилување што ќе им помогне во гаснењето на пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.