Регион
(Видео) Поради пожарите дојде до експлозии во магацин за муниција во Грција, луѓето се евакуираат

Пожар избувна во грчката населба Микотребес, што доведе до серија експлозии во складиште за муниција на воздухопловните сили во близина на градот Неа Анхиалос во централниот грчки регион Тесалија.
Според очевидци, експлозиите можеле да се слушнат и до Волос, јавува грчката ЕРТ.
Грчката армија соопшти дека магацинот се наоѓа на околу шест километри северно од воздухопловната база, која била однапред евакуирана.
Нема информации за повредени, а превентивно на населението во околните населени места е наредена евакуација, пренесува АП.
Η στιγμή της έκρηξης στην Νέα Αγχίαλο. 😮😮#βολος #φωτιες pic.twitter.com/9riqbYVlLc
— Nik_Mp 😎 (@4r7qjp1C2S4EQZV) July 27, 2023
Вкупно пет лица загинаа во пожарите низ Грција, кои се поттикнати од силните ветрови и температурите над 40 степени Целзиусови.
Пожарникарите соопштија дека годинава се пријавени над 500 шумски пожари низ земјава.
Додека летните пожари се вообичаени во Грција, научниците велат дека повисоките температури и сувото време ја претвораат во медитеранско жариште на климатските промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.