Регион
(Видео) Се урна воен хеликоптер во Турција, загинаа над 10 лица

Најмалку 11 турски војници загинаа во хеликоптерска несреќа што се случи синоќа на истокот од земјата, соопшти турското Министерство за одбрана.
Today a Helicopter of the Turkish Air Force(Eurocopter Cougar A532) has crashed in the City of Bingöl which was heading to Tatvan.
9 out of 13 Crewmen has died unfortunately and 4 Crewmen are injured.
Our hearts go out to the loved ones who lost their loved ones. pic.twitter.com/YsOekPQVaH— AceJace (@AceJaceu) March 4, 2021
Во соопштението на Министерство се наведува дека, и покрај сите напори на лекарите, уште еден од повредените војници ја загубил битката за живот, пренесе агенцијата „Анадолија“. Во несреќата на самото место загинале деветмина од војниците, а двајца им подлегнале на повредите во болница.
Причината за падот на хеликоптерот, како што соопшти Министерството за одбрана, е дефект во авионот.
Хеликоптерот бил на пат кон Татван од блиската провинција Бингол кога исчезнал од радарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.