Регион
(Видео) „Со Бајден стигнавме до хаос и окупација“ – порача советникот на Трамп за ситуацијата на Косово

Од мир и напредок преминавме во хаос и окупација, порача поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалог меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел.
Тој го изјави ова кога утринава припадниците на КФОР ги опколија општинските згради на северот на Косово.
Во објавата со наслов „Најнови вести“ на „Твитер“, Гренел сподели видео пред општинската зграда во Лепосавиќ, каде што се протега бодликава жица и каде што се наоѓаат голем број припадници на КФОР.
BREAKING: NATO troops have taken over buildings in Kosovo. American troops and American money.
We went from peace and progress under Trump to chaos and troop occupation under Biden.
Biden is so weak. https://t.co/1D6dtjslp8
— Richard Grenell (@RichardGrenell) May 29, 2023
„Трупите на НАТО окупираа згради во Косово. Американски војници и американски пари. Отидовме од мир и напредок под Трамп до хаос и окупација под Бајден. Бајден е толку слаб“, напиша Гренел.
Србите што живеат на Косово и Метохија утрово почнаа да се собираат пред општинските згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. Пред зградите на тие општини има сили на косовската специјална полиција со шлемови и во целосна борбена опрема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Општа тепачка на свадба во Србија: гостинка ја удри невестата, возврати младоженецот

Свадбена прослава во Горњи Милановац се претвори во вистинска драма кога избувна масовна тепачка меѓу гостите.
Според порталот „192.рс“, инцидентот почнал кога гостинка на свадбата, од причини што засега се непознати, физички ја нападнала невестата и ја удрила.
Потоа реагирал младоженецот обидувајќи се да ја заштити својата сопруга, а конфликтот набргу се проширил и на другите гости.
View this post on Instagram
Според снимката, во салата владеел целосен хаос, а некои од присутните се обидувале да ја смират ситуацијата.
фото: принтскрин
Регион
Дојава за бомба на имотот на Милорад Додик

Утрово, во Бања Лука е примена пријава за поставена бомба на имотот на Милорад Додик, поранешниот претседател на Република Српска.
Според Радио Сараево, полицијата веднаш излегла на местото на настанот и спроведува контрадиверзиска инспекција на имотот.
Претходно наутро, примена е и пријава за бомба во хотелот „Палас“ во Бања Лука. Министерството за внатрешни работи на РС извршило увид и утврдило дека станува збор за лажна пријава.
фото: принтскрин
Регион
Вучиќ: Успеавме да ги одложиме санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека САД го одложиле воведувањето санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за осум дена со цел, како што рече, „за да покажат почит кон Србија“.
„Им благодарам, сакаа да покажат почит, да ни кажат дека нè слушаат и ја разбираат нашата позиција. Благодарам за тоа, но дали добивме нешто суштинско? За седум дена, ќе го имаме истото прашање, а јас сè уште нема да го имам одговорот“, рече Вучиќ во Обреновац, каде што учествуваше на граѓанскиот марш против блокадите.
Тој додаде дека ќе има реакција од Србија и од самата НИС и кон американската страна и кон другите партнери кога станува збор за нови понуди.
„Верувам дека ова е добро, но дали ќе биде доволно и дали ова е она што го сакаат Американците – ќе видиме“, рече Вучиќ.
Санкциите на САД против НИС требаше да стапат во сила на 1 октомври, но рокот сега е одложен барем до 9 октомври.
фото: принтскрин