Регион
(Видео) Страшно невреме и во Србија, силен ветар во Војводина
Ситуацијата во северозападниот дел на Војводина во моментов е критична. Има невреме со прашина, изолирано невреме со врнежи проследени со грмежи и силен ветер, јавува страната hailz_srbija.
View this post on Instagram
Како што е наведено на социјалните мрежи, бурниот изолиран ветер налик на урагани крева прашина и ја намалува видливоста на 0 метри, според извештаите, во делови на Војводина.
Во Белград во моментов дува силен ветер, пренесуваат српските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
Утрово во 07:42 часот земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.
Регион
Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка
Вишото јавно обвинителство во Заечар му предложило на судот продолжување на притворот на Срѓан Ј. и Дејан Д., осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ за уште 30 дена.
Осомничените се во притвор од 6 април поради ризик од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување на трагите на делото, како и вознемирување на јавноста.
Во притвор е и таткото на Дејан Д. под сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.
Полицијата по 10-дневна потрага и детална проверка на сите трагови и информации, ги уапси С.Ј и Д.Д. за кои се сомнева дека девојчето го удриле со автомобил а пото нејзиното тело го ставиле во багажникот на колата и го однеле на депонија.
Телото на девојчето кое исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор се уште не е пронајдено.
Регион
Црна Гора воведува седумчасовно работно време
Министерката за труд и социјална грижа на Црна Гора, Наида Нишиќ, најави дека до крајот на годинава граѓаните можат да очекуваат воведување седумчасовно работно време.
-Она што го најави премиерот Милојко Спајиќ во предизборната кампања ќе се случи во текот на оваа година, рече Нишиќ во емисијата „Линк” на Радио Црна Гора.
Таа додаде дека социјалните давачки во иднина ќе бидат поправични.