Регион
(Видео) „Утре ќе му донесам подарок во училиште“, српските медиуми објавуваат грозоморни пораки на убиецот пред масакрот

Излегоа грозоморните пораки на убиецот од Белград пред масакрот најавувајќи крвав пир. Неговите пораки со кои го најавува масакрот се појавија на социјалните мрежи.
@cvv.balkan Žalosno💔 #kostakecmanovic #srbija #fyp #fy #viral ♬ original sound – 🦎quattro🦎
„Што се случи? Да не беше поради Игор, тој не знаеше дека толку ќе се изнервираш“, му напишал некој.
„Имам подарок за него, утре го носам на училиште, мислам дека ќе се израдува кога ќе го види“, напишал, на што неговиот пријател го прашал што е тоа, а тој испратил фотографија од пиштол.
Утрово, учениците од Третата белградска гимназија, но и граѓани, носат цвеќе и палат свеќи за загинатите во вчерашниот масакр.
Осум деца и еден чувар биле убиени во средата наутро во вооружен напад на тринаесетгодишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Шест ученици и еден наставник биле повредени, а напаѓачот уапсен. На Ургентниот центар во Белград тројца од четворицата ранети се сосема добро, будни се и докторите разговараат со нив. Станува збор за двајца ученици и наставничка, изјавил директорот на Универзитетскиот клинички центар во Србија, професор доктор Милика Ашанин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Маж фрли молотов коктел врз Куќата на цвеќето, го фати обезбедувањето

Белградската полиција го уапси 55-гпдишниот Г.М. под сомнение дека фрлил молотов коктел врз Куќата на цвеќето, објави српски Телеграф. По наредба на обвинителството, му е одреден притвор до 48 часа.
Тој е осомничен дека се обидел да го запали Музејот „25 Мај“, местото каде што е погребан поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, околу 6 часот утрово.
Човекот е уапсен по интервенцијата на полицијата. Нема повредени.
Пожарот ја оштетил влезната врата од Куќата на цвеќето. Според Телеграф, полицијата била повикана од обезбедувач. Тој пријавил дека еден човек дошол пред Музејот, најверојатно држејќи молотов коктел, и се заканувал дека ќе ја запали зградата.
„Се приближил до зградата и фрлил запалива течност. За среќа, обезбедувачот го фатил и ја повикал полицијата“, пишува Телеграф.
Неофицијално, се дознава дека човекот при апсењето рекол дека сакал да го запали „усташкото гнездо“.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Изгоре луксузна јахта во Будва: сопственикот бил на бродот кога избувнал пожарот

Црногорските противпожарни екипи го изгасија пожарот што избувна на јахта во марината во Будва.
Ова за црногорски „Вијести“ го потврди и раководителот на Службата за заштита и спасување на Будва.
Полициската управа соопшти дека околу 20:15 часот во неделата, полицијата во Будва била известена од сопственикот на јахта закотвена во пристаништето во Будва дека избувнал пожар додека сопственикот бил на бродот.
Јахтата е во сопственост на бизнисменот Б. М., а полицијата објави дека сопственикот на јахтата рекол дека пожарот најверојатно се случил поради дефект.
Пловилото било извлечено од пристаништето откако избувна пожарот кратко по 20 часот, заради безбедност на другите бродови. Седум екипи беа ангажирани за гаснење на пожарот.
фото: принтскрин
Регион
Турист почина кај Неа Врасна, бил извлечен од морето

61-годишен државјанин на Србија трагично почина во морската област Неа Врасна во близина на Солун.
Мажот бил извлечен во бесознание од морето денес напладне. Според соопштението на крајбрежната стража, тимот за итни случаи на ЕКАБ веднаш му укажал прва помош, но без успех, по што телото било префрлено во Здравствениот центар Неа Мадита.
Прелиминарната истрага ја води Вториот оддел на пристаништето Ставрос на пристанишната управа на Јерисос, кој нареди обдукција за да се утврди точната причина за смртта, пренесува „Прототема“.