Регион
(Видео) Хаос во Тирана, опозицијата фрлаше молотови коктели на полицијата

Неколку луѓе се повредени во синоќешните насилни протести на опозицијата во Тирана, пренесуваат албанските медиуми. Илјадници демонстранти се собраа пред парламентот барајќи оставка од премиерот Еди Рама.
Anti-govt demonstrators in Tirana have thrown Molotov cocktails at police, who are approaching with a water cannon to try to disperse the crowd further after already using tear gas. pic.twitter.com/lBKhJY6yJo
— Balkan Insight (@BalkanInsight) April 13, 2019
Полицијата употреби солзавец и палки против толпата. Во инцидентот запален е еден автомобил, а демонстрантите се обидоа да влезат во зградата на парламентот. Повредени има и на страната на демонстрантите, и кај полицијата и новинарите. Демонстрантите фрлаа молотови коктели на полицијата која пак возврати со водени топови.
Опозицијата го обвинува Рама и неговата социјалистичка Влада за корупција и изборни измами и со месеци повикуваат на негово повлекување.
Во февруари над 60 пратеници од опозициската Конзервативна демократска партија и нејзините сојузници, го напуштија парламентот во знак на протест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.