Регион
(Видео) Хаос среде час во Смедерево: наставник му одзеде телефон на ученик, па се туркаат и влечат
Уште еден инцидент во училницата меѓу ученик и професор во Техничко-технолошкото и земјоделското училиште во Смедерево. Ученик бил соборен на масата, а наставникот турнат откога му го зел мобилниот телефон што го користел на часот. Се се случува во училницата за време на часот по математика.
Đak i profesor se rvaju na času u Smederevu pic.twitter.com/ArfhWpnRLc
— Lovac na neke od njih! (@Sabljalo) March 3, 2023
Во моментот кога ќе стигне до ученикот, расправајќи се со него, тој му го грабнува телефонот и почнува да се враќа на столот.
Во исто време, ученикот бргу станува зад наставникот обидувајќи се да си го врати мобилниот телефон и го влече за раката. Го турка професорот кон таблата, а тој се повлекува и ја напушта училницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Брнабиќ: Јавноста не е свесна за опасноста за животот на Александар Вучиќ
Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, денеска, во интервју за телевизијата „Хепи“ изјави дека „јавноста не е свесна за опасноста за животот на Александар Вучиќ“, пренесува „Нова.рс“.
Нејзината изјава следува по објавувањето на наводната преписка на осомничените членови на нарко-картел во Црна Гора.
Брнабиќ истакна дека „Александар Вучиќ е единствената бариера за таа мафија“.
„Заканата за животот на Александар Вучиќ постои сѐ додека Радоје Звицер е на слобода“, предупреди таа.
Звицер е водач на озлогласениот Kавачки клан.
Тој е поврзан со многубројни убиства, продажба на дрога и други злосторства. Во мај 2020 година Звицер беше застрелан среде бел ден додека џогирал во близина на неговиот стан во Киев. Двајца вооружени напаѓачи испукале десетина истрели, од кои пет го погодиле.
Тој е во бегство од февруари 2021 година кога во Белград беа уапсени членовите на групата на Вељко Беливук. Во септември 2022 година се појави информација дека е убиен во Панама, но подоцна беше демантирана.
Брнабиќ истакна дека Вучиќ „не е само бариера за спречување на организираниот криминал и мафијата да ги заземат Србија и регионот, туку и гаранција за безбедноста“. Како пример таа наведе дека, според податоците на Народната банка на Србија, до 10 јуни во Србија пристигнале „над две милијарди евра приливи на директни странски инвестиции“.
Регион
„Фајненшл тајмс“: Србија го добива најголемиот рудник за литиум во Европа
Српскиот претседател Александар Вучиќ се подготвува да ѝ даде зелено светло на британско-австралиската компанија „Рио Тинто“ за развој на најголемиот рудник за литиум во Европа две години откако Белград се откажа од проектот, објави „Фајненшл тајмс“ (ФТ).
Вучиќ изјави за ФТ дека новите гаранции од глобалниот рударски гигант и од Европската Унија изгледа одговориле на загриженоста на Србија за тоа дали ќе бидат исполнети потребните еколошки стандарди на наоѓалиштето Јадар на западот од земјата.
„Веруваме дека проектот за Јадар има потенцијал да биде средство од светска класа, што може да дејствува како катализатор за развој на синџирот на електрични возила во Србија“, изјавија од компанијата „Рио Тинто“ за „Ројтерс“.
Литиумот, кој се смета за критичен материјал во ЕУ и во САД, се користи во батериите за електрични возила и мобилни уреди.
„Ако исполниме сè, рудникот би можел да биде отворен во 2028 година“, изјави Вучиќ за ФТ додавајќи дека се очекува рудникот да произведува 58.000 тони литиум годишно. „Тоа би било доволно за 17 отсто од производството на електрични возила во Европа, приближно 1,1 милион автомобили“, рече претседателот на Србија.
Во 2022 година Белград ги откажа лиценците за проектот „Јадар“, вреден 2,4 милијарди долари, по големите еколошки протести. Доколку биде завршен, проектот би можел да задоволи 90 отсто од тековните европски потреби за литиум и да помогне компанијата да стане водечки производител на литиум.
Во текот на 2021 и 2022 година српските екологисти собраа 30.000 потписи на петиција, со која се бараше парламентот да усвои закон за запирање на истражувањето на литиум во земјата.
Регион
Отровната риба змеј може да се сретне во Грција, Хрватска, Црна Гора и во Албанија, секојпат сценариото е слично
Рибата драгон, или како што кај нас ја нарекуваат – риба пајак или змеј риба, е една од опасностите заедно со медузите што демнат во морето на неколку локации што традиционално во текот на сезоната ги посетуваат туристи од регионот.
При убодот испушта отров предизвикувајќи силна болка.
Оваа отровна риба може да се сретне на бреговите и островите на Грција, Хрватска, Црна Гора и Албанија, а секојпат сценариото е идентично – убодот се случува во плиткото, каде што практично е невидлива.
Се крие во песок и чакал, долга е 10-ина сантиметри и има остри црни боцки на грбните перки. Поради својот карактеристичен изглед и бои, оваа отровна риба дејствува како камелеон бидејќи совршено се асимилира во својата околина. Она што е важно да се наведе е дека рибата змеј, односно рибата пајак, не е предатор и не напаѓа, туку средбата со отровните боцки се случува кога ќе ја згазнете, а таа инстинктивно ги активира како одбранбен механизам.
Поради оваа причина, капачите се советуваат да бидат внимателни при влегување во водата, особено на плажите на кои и претходно се случувале убоди.
Кога ќе наидете на нејзините боцки, иако болката е интензивна, важно е да останете присебни. Најпрвин, додека убодот е уште свеж, најдобро е стапалото да се натопи во топла вода, односно во вода чија топлина можете да ја издржите. Овој процес се спроведува поради фактот што колку е потопла водата, толку е послаб ефектот на отровот бидејќи тој е термолабилен.
Важно е по овој третман, да добиете прва помош од лекар во форма на инјекција или антибиотици.
По убодот, покрај болка, се јавува и главоболка, чувство на задушување, мачнина, тешко дишење, болка во пределот на срцето, зголемено потење. Исто така, постојат некои индикации дека инфаркт може да се случи кај срцеви пациенти.
Советите на експертите од областа на морската биологија, како и медицинските работници, се кога ќе ве убоде змеј риба, да не го покривате местото, да го виткате со завој или да го затворате болното место.
По лекувањето, според оние што имале средби со оваа риба, болката понекогаш продолжува и во наредните денови.
„Пред неколку години ја згазнав на Олимпик Бич во Грција, многу лошо искуство. Таа испушти многу силен отров што ме остави во несвест. Веднаш по убодот, отидов кај доктор, кој ми даде инекција на местото на убодот, во стапалото“, напиша Србин во група на „Фејсбук“ посветена на Грција.
Уште полошо искуство доживеала жена, чиј син згазнал на риба змеј на Јадранот.
„Мојот син имаше лошо искуство на Јадранот на 15 години. Го убоде додека ја симнуваше од јадицата, не знаеше дека тоа е таа риба… Отокот беше ужасен, болката беше неподнослива, веднаш моравме да одиме на доктор“, пишува таа.