Регион
Власи: На мене пукаше атентатор
Косовскиот адвокат Азем Власи во понеделникот изјави дека бил застрелан од страна на „нарачан атентатор”. Тој не сака да шпекулира за тоа што станува збор и додал дека истрагата ќе ги покаже сите аргументи, пренесуваат српските медиуми.
“Околу осум часот наутро некој заѕвони на вратата. Излегов. Беше некој тип, онака збунет, држеше некои документи. Тој рече дека има некој проблем со сопственост. Јас му реков дека тоа не го работам и му посочив да оди во соседната улица кај друг адвокат. Дали тој беше од Германија или некој го испратил, не знам. Влегов дома за да му го запишам бројот на хартија и потоа да му го дадам. Кога излегов, тој со пиштол и придушувач се втурна кон мене, очигледно подготвен, по што пукаше во рамото и избега. По сите карактеристики, тој е нарачан атентатор”, изјави Власи за Радио Слободна Европа.
Тој рече дека врз основа на неговата работа како адвокат нема никакви проблеми. “Моето семејство нема некои проблеми или спорови. Не знам што да мислам, нема да шпекулирам. Истрагата ќе покаже”, рече Власи.
Косовската полиција соопшти дека го идентификувала човекот кој утрово околу 8 часот пукал врз Власи и интензивно трага по него. Директорот на Ургентниот центар при Клиничкиот центар на Косово, Љењани Басри вели дека здравјето на Власи е стабилно.
Тој објасни дека Власи е застрелан во левото рамо и притоа има влезна рана од куршум. Раната во моментов не бара хируршка интервенција. Претседателот на Косово, Хашим Тачи и адвокатската комора на Косово остро го осудија нападот./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

