Македонија
ВМРО во Бугарија на протест, повикува да не се отстапува од ставот за Северна Македонија
ВМРО организира мирен собир пред Претседателството, каде што се одржува Советодавниот совет за национална безбедност за европските интеграции на Северна Македонија, пренесува бугарскиот медиум „Бгнес“.
Од ВМРО инсистираат, пишува медиумот, партиите застапени во парламентот да не отстапуваат од условите што за Северна Македонија се поставени за почеток на преговорите со ЕУ.
„Војводите“ бараат и РСМ да престане да користи говор на омраза кон Бугарија и да ги почитува правата на Бугарите во РСМ. Протестот на ВМРО е мирен, се слушаат народни патриотски песни“, пренесува медиумот.
„Ве повикуваме мирно и цивилизирано да не ги пренесуваме споменот на нашите предци и нашата национална историја“, изјавил Ангел Џамбаски на протестот, пренесува „Бгнес“. „Мора да донесете единствена одлука – да не отстапувате од одлуката на Советот на министрите“, додал Џамбаски.
Во написот на бугарскиот медиум стои дека ВМРО се заканила дека ќе распише референдум доколку Бугарија го промени ставот за Северна Македонија и членството во ЕУ.
„Знаете дека направивме многу обиди за референдуми, но не можам да замислам ниту една тема што е пореферендумска од оваа. Ние инсистираме на луѓето што може да го направат тоа според Уставот. Доколку не се направи тоа, имаме подготвеност и желба да свикаме национален референдум, пишува „Бгнес“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

