Регион
Воз со фосфорна киселина излета од шините кај Рума: пожарникарите и полицијата на терен

Воз на железничката станица во Рума утрово излета од шините.
Како што се дознава, четири вагони што превезувале фосфорна киселина излетале од шините.
Засега не се знае колкава е штетата, а во тек е истрага за утврдување на сите детали од несреќата.
Полицијата и пожарникарите се на терен, пишува „Курир“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Авионот на Вучиќ приземјен во Баку, летот прогласен за небезбеден

Авионот на српскиот претседател, Александар Вучиќ, со кој утрово во 11 часот полета за Москва, е приземјен во Баку и во моментот не може да го продолжи своето патување бидејќи нема дозвола да го продолжи летот поради воените операции меѓу Русија и Украина.
Сите земји претходно дадоа дозвола за летот, но сега не може да ја дадат поради воените операции, јавува репортер на „Танјуг“. Се чека одобрение за продолжување на летот.
Аеродромите во Москва исто така моментно се затворени.
Украина ја нападна Москва со беспилотни летала принудувајќи ги повеќето аеродроми во руската престолнина да се затворат токму кога кинескиот претседател Шји Џјинпинг требаше да пристигне за да ја прослави победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Во изминатите неколку дена аеродромите во неколку руски градови беа затворени поради напади од украински беспилотни летала.
За потсетување, претходно беше закажано српскиот претседател да има билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин в петок, што беше објавено и од Кремљ.
Според „Спутник“, не е познато кој воздушен коридор го користел Вучиќ за руската престолнина.
На 9 мај Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и со низа други настани. Се очекува да присуствуваат повеќе од 20 светски лидери.
Регион
Вучиќ отпатува во Москва

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, отпатува за Москва, каде што ќе присуствува на воената парада на Црвениот плоштад, објавија српските медиуми.
Кремљ вчера објави дека претседателот на Србија ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, в петок, 9 мај.
Пред да замине за Москва, Вучиќ утрово се сретна со рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан-Харченко. Медиумите во Србија во последните денови шпекулираа дека Латвија и Литванија го забраниле летот на српскиот претседател до Москва, па затоа не е познато кој воздушен коридор го користел Вучиќ до руската престолнина.
На 9 мај Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и со низа други настани, а се очекува да присуствуваат повеќе од 20 светски лидери, вклучувајќи го и кинескиот претседател Шји Џјинпинг.
По агресијата на Русија врз Украина, парадата стана дел од пропагандата на Путин, а многубројни западни и украински функционери повикаа на бојкот на церемонијата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски дури рече дека не може да се гарантира безбедноста на учесниците.
Регион
Жена паднала од девети кат во Косово, починала на лице место

Жена почина вчера откако падна од зграда на улица во Косово.
Ш. Мустафа (46) го загуби животот откако падна од деветтиот кат на зградата.
Веста според тамошните медиуми ја потврдила портпаролката на полицијата во Приштина, Фљора Ахмети.
Таа вели дека информацијата за случајот ја добила околу 16:20 часот.
„Околу 16:20 часот добивме информација дека едно лице (жена) паднало од зграда на улица во Косово и починала. Смртта на жртвата ја потврди медицинскиот тим на лице место“, рече Ахмети.
Полицијата, во координација со државниот обвинител, започна истрага за смртта и ги презема сите потребни истражни мерки за разјаснување на околностите на настанот.