Регион
Синот ја тужел мајка си оти го вреѓала преку пораки поради лоши оценки, судот во Карловац ја прогласил за виновна
Една мајка (50) од Карловац е прогласена за виновна и осудена за навреда на синот (18) кого го навредувала преку пораки поради лошите оценки во училиште. Судијата пресудил дека лани во септември таа извршила психичко насилство во семејството бидејќи преку апликацијата WhatsApp му праќала пораки на синот, навредувајќи го со погрдни зборови, пишува „Даница“.
“Срам да ти е болен психопат шупак. Ми се гади, убиј се ѓубре, фрли се под воз да испадне дека си жртва. Јас те родив, ќе те задавам”, мајката му напишала на синот. На суд таа се бранеше дека била револтирана од лошите оценки и се поагресивното однесување на нејзиниот син, како и од неговото одбивање да учествува во воннаставни активности.
„Во очај, навистина му пратив пораки на син ми преку апликацијата WhatsApp во кои го навредував со погрдни зборови кои се споменати во обвинението и од кои се срамам“, рекла мајката. Синот на рочиштето рекол дека „го вознемирило тоа што мајка му му рекла да се фрли под воз и да се убие“, но тоа не му го нарушило достоинството.
„Сакам да ни се нормализираат односите. Во меѓувреме се преселив во студентски дом и сега студирам во Загреб“, заклучил синот. Инаку, мајката е високообразована личност и досега не е казнувана. Судијата ја казнил со 300 евра, а треба да плати и 20 евра за судски трошоци. Пресудата е неправосилна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Регион
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес
Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен земјотрес.
Како што опишува преплашената жена, земјотресот ја исплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.
„Мислев дека регалот ќе падне врз мене. Немаше време за бегство никаде. Сè се тресеше многу. За среќа, тоа беше кратко. Кога се смири, сите излегоа на улица“, раскажува таа за Телеграф.рс.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 11 километри.
Колку бил силен, сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.
„Почувствував земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Бев во кревет кога почна тресењето“, напишаа граѓаните.