Регион
Во Албанија се намалува бројот на родените во споредба со починатите лица

Според демографските показатели, во Албанија забалежан е еден историски негативен рекорд за земјата бидејќи бројот на умрените е повисок од новородените.
Државниот Институтот за статистика на Албанија – ИНСТАТ соопшти дека во првите три месеци од годинава регистрирани се 5.б69 новороденчиња, што преставува 18 отсто помалку во споредба со истиот период минатата година. Во истиот период бројот на умрените изнесувал 5.954 лица.
Албанските медиуми истакнуваат дека бројот на новородени од година на година опаѓа. Според ИНСТАТ, во 2017 во земјата забележан е најмал број новородени деца од 1930 година кога албанската држава започна да врши цивилен попис на населението. Истиот извор наведува дека во последните три децении населението во Албанија е намалено за 410 илјади лица.
Две главни причини за намалување на бројот на демографскиот пораст на населението е поради емиграцијата на населението, како и намалувањето на бројот на раѓањата. Експертите во Албанија нагласуваат дека стнаува збор за демографски страв. Светската организација исто така оценува дека има намален наталитет во Албанија и ако оваа состојба продолжи, за еден век можно е населението да се намали 1 милион жители.
К. М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Во Црна Гора армијата гасне пожари: се преврте цистерна, загина војник

Припадник на црногорската армија загинал кога воена цистерна за вода се превртела на патот, дознава порталот ЦдМ. Друг војник е тешко повреден и префрлен во Клиничкиот центар на Црна Гора.
Несреќата се случила околу 13 часот.
„Еден припадник на црногорската армија загинал, а друг добил тешки повреди за време на мисија за гаснење пожари. Несреќата се случила кога цистерната за вода што ја возеле се превртела“, соопшти Министерството за одбрана.
Црногорската армија, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да ги утврди причините и околностите на несреќата.
View this post on Instagram
Во Црна Гора моментно има активни пожари во шест општини – Подгорица, Бар, Будва, Никшиќ, Шавник и Бјело Поље, изјави Миодраг Бешовиќ, генерален директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
View this post on Instagram
Четири авиони моментно се борат со пожарите, а се очекува набргу да пристигне и канадер од Хрватска за да ги гасне пожарите на крајбрежјето. Хеликоптер од Србија исто така е ангажиран во гаснењето на пожарите.