Регион
Во Бразил сослушан полицаец поради можното убиство на амбасадорот на Грција
Бразилската полиција на сослушување повикала во петокот свој службеник во врска со најверојатното убиство на грчкиот амбасадор Киријакос Амиридис, а ја проверува и верзијата за учество на сопругата на дипломатот, пишуваат локалните медиуми.
Испрашувањето на полицаецот во врска со исчезнувањето на грчкиот амбасадор Киријакос Амиридис траело неколку часови, пишува весникот O Globo, повикувајќи се на роднини на полицискиот службеник.
Полицијата, исто така, ја повикала на сослушување и сопругата на грчкиот дипломат Франсуас Амаридис. Според весникот, иследниците нашле дамки од крв на каучот во апартманот во кој престојувале амбасадорот и неговата сопруга и нивната ќерка. Полицијата во моментов води истрага според верзијата дека дипломатот бил убиен.
Во четвртокот бразилските медиуми, повикувајќи се на службеници на амбасадата на Грција во главниот град Бразилија, објавија дека 59-годишниот дипломат исчезнал пред три дена, во текот на празничниот одмор во Рио де Жанеиро, каде престојувал со сопругата. Според телевизијата Globo, исчезнувањето го пријавила сопругата којашто во полицијата изјавила дека тој во понеделникот вечерта сам го напуштил домот, а не се вратил следниот ден.
Во четвртокот попладнето по локално време во општината Нова Игаусу, во регионот Баиксада Флуминенсе, северно од Рио, каде што е пријавено исчезнувањето, полицијата откри во бездна автомобил чиишто регистарски таблички одговарале на табличките на автомобилот кој го изнајмил амбасадорот, а во внатрешноста бил откриено изгорено тело. Останките се однесени на институтот за судска медицина при тамошниот универзитет.
Амиридис бил конзул во Рио де Жанеиро во периодот од 2001 до 2004 година. Во јануари 2016 е именуван за амбасадор на Грција во Бразил, откако претходните четири години бил амбасадор во Либија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

