Регион
Во Бугарија уапсена криминална група која шверцувала мигранти
Осум лица осомничени дека преку балканската рута шверцувале мигранти во Европа се уапсени во Бугарија.
„Четворицата уапсени имале статус на цели со висока вредност поради високата улога што ја имале во извршувањето на криминалните активности“, се вели во соопштението на Европол додавајќи дека еден од главните водачи на групата претходно бил под истрага во Австрија за шверцување мигранти.
Оваа група наплатувала илегален трансфер на мигранти од Турција во Бугарија, а потоа и во други земји од Европската Унија по цена од 6.000 евра за лице. Според досегашните информации, тие досега на овој начин превезле најмалку 130 лица.
Нерегуларните мигранти пеш би ја преминувале границата меѓу Турција и Бугарија со помош на водичи обезбедени од организаторите во Турција. Кога ќе ја минат границата, ќе ги пречекаат молдавски возачи, кои претходно добиле автомобили и ГПС-координати со локацијата на која ќе ги земат мигрантите во текот на ноќта. Ги превезувале до бугарско-српската или бугарско-романската граница и за тоа им биле платени по 100 евра за човек или од 700 до 1.000 евра. Мигрантите платиле околу 6.000 евра до Босна и Херцеговина, а повеќе од 4.000 евра за транспорт до Србија.
Бугарската полиција во соработка со колегите од Романија и Молдавија изврши претрес на 15 локации во бугарскиот град Пловдив. Во рациите се одземени 13 мобилни телефони, оружје и муниција, како и документи за возила со кои се превезувале илегални мигранти.
Од Европол велат дека шверцерските активности биле многу сложено организирани бидејќи водачите на групата, организаторите и оперативците на терен се од разни националности и од разни земји.
„Главните водачи беа државјани на Сирија и Јордан, кои ги координираат криминалните активности со други шверцери лоцирани во Турција и по должината на западнобалканската рута. Бугарските државјани биле одговорни за логистика, односно за наоѓање и купување автомобили, со кои се превезувале мигранти, и ги регистрирале на имиња на други лица. Таа група користела и молдавски возачи за транспорт на мигранти, кои ги регрутирале преку Интернет“, објаснуваат од Европол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

