Регион
За две години во Германија имигрирале Хрвати колку цел Осиек

Во текот на 2016 и 2017 година од Хрватска во Германија се доселиле 110.526 Хрвати или колку цел хрватски град Осиек, покажуваат податоците на германската Сојузна канцеларија за миграција, кои ги објави тамошното министерство за внатрешни работи, пренесе Дневник.хр.
Во 2016 гдина во Германија отишле 57.476 Хрвати, додека идната година тој број бил нешто помал (53.050).
Во двегодишниот период Германија ја напуштиле вкупно 49.696 Хрвати, а во 2017 година Хрватите биле петти по ред по вселување во Германија. Истата година во Германија се доселиле само повеќе Италијанци, Бугари, Полјаци и Романци.
Германија во текот на 2016 и 2017 година примила 3,42 милиони доселеници, а од земјата во истиот период се иселиле 2,5 милиони луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.