Регион
(Видео) Во Сараево падна снег
Сараево утрово осамна под снежна покривка, пренесува „Кликс“. Во текот на денот се очекува облачно време. Можен е повремен слаб снег. Утринската температура е околу -3, а дневната околу 2 степена.
Zimska idila u aprilu: Sarajevo se probudilo pod bijelim pokrivačem. pic.twitter.com/Bd7QKtdXBe
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) April 4, 2023
В четврток во Босна се очекува умерено до претежно облачно време, а ќе дува слаб до умерен северен и северозападен ветар.
Снегот во овој период од годината ја изненади и цела Србија, особено затоа што пред само 10 дена температурите на повеќе места во регионот достигнаа речиси 30 степени. Во поголемиот дел од земјата е активиран жолт метео-аларм, портокалов аларм е вклучен во Срем, Белград и Поморавље, а црвен во западна и југозападна Србија и Шумадија, пишува српска „Нова“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во БиХ
Земјотрес со јачина од 2,9 степени ја погоди денеска Босна и Херцеговина.
Епицентарот бил во близина на Мостар.
Засега не се знае дали е причинета материјална штета.
Регион
Пумпата за базен го повлекла момчето на дното: детали за трагедијата на Златибор
Момче (6) од Белград вчера се удавило во базен на познат хотел на Златибор, а според неофицијални информации, смртта ја предизвикала пумпата од базенот. Кога момчето нурнало, наводно пумпата го повлекла на дното.
Очевидците на оваа трагедија со сите сили се обиделе да го извлечат детето, но не успеале поради вакуумот, а момчето починало.
По наредба на Основното јавно обвинителство во Ужице, на телото на момчето е наредена обдукција.
Полицијата го уапсила сопственикот на фирмата за одржување на базените. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. Тој беше обвинет за тешко дело против општата безбедност.
Повреденото момче било придружувано од жена за која постои сомневање дека е баба му, пишува „Блиц.рс“.
Екипата на „Блиц“ стапила во контакт со хотелот во кој се случила трагедијата, но од вработените велат дека не сакаат да даваат изјави за медиумите.
Регион
Работник за одржување базен уапсен поради смртта на момче на Златибор
Полицијата му одредила притвор до 48 часа на одговорниот за одржување на базенот на Златибор, каде што се удави момче (6).
Како што соопштија за „Танјуг“ во Основното јавно обвинителство во Ужице, уапсениот се сомничи за сторено тешко кривично дело против општата безбедност.
Шестгодишно момче на 1 октомври се удави во базен на хотел на Златибор.
На телото на момчето е наредена обдукција.