Регион
Во Словенија и Србија најмногу заразени со коронавирус според бројот на населението

Во регионот најмногу заразени со коронавирус, во однос на бројот на население, се регистрирани во Словенија, на второ место е Србија, а на трето Црна Гора.
Во Словенија регистрирани се 582 заразени на еден милион жители, а во Србија 517. На трето место е Црна Гора со 432 заразени на еден милион жители.
На четвртото место е Македонија со 398 заболени на еден милион жители, потоа следува Хрватска со 392 случаја, Босна и Херцеговина со 281 заразен и Албанија со 155 инфицирани на еден милион жители.
Најголема смртност има во Албанија – 5,16 отсто, потоа во Словенија – 4,4 проценти, Македонија – 4,11 отсто, БиХ – 3,92 проценти, Србија – 2,2, Хрватска – 1,44 и Црна Гора – 1,2 процент.
Најмногу тестирани лица во однос на еден милион жители има во Словенија – 16.675, на второ место е Црна Гора со 5.194, а на трето место Хрватска со 4.022. На четврто место е Македонија со 3.865 тестирани на еден милион жители, БиХ со 3 илјади и Србија со 2.631 тестиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Бугарија, десничарите против воведувањето на еврото

Приврзаниците на крајната десница денеска се судрија со полицијата за време на протестот за поддршка на бугарската валута лев и против воведувањето на еврото, јавува Анадолија.
Протестот се одржа пред Бугарската народна банка (БНБ) и пред претставништвото на Европската комисија во Софија.
Демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата на претставништвото на Европската унија, користејќи црвена боја, петарди и молотови коктели. Околу 10 полицајци се повредени, а шест лица се уапсени.
Демонстрантите потоа ја запалија вратата од зградата на претставништвото на Европската комисија во Бугарија, јави репортерот на БГНЕС.
Бугарските парламентарци минатата година усвоија нацрт-закон за преминување на еврото како национална валута од почетокот на 2025 година. Сепак, влезот во еврозоната беше одложен поради високата инфлација и други економски фактори.
Предлог-законот ги регулира принципите, рамката и процедурите за воведување на еврото во Бугарија и ги утврдува правилата и преоден период за да им се даде време на граѓаните да се прилагодат на новата валута.
Регион
Возач во БиХ наполнил гориво и побегнал без да плати

На бензинска пумпа во БИХ, непознато лице наполнило гориво и си заминало без да плати.
Покрената е истрага за кражба на гориво, веднаш реагирала полицијата, пишуваат тамошните медиуми.
Инцидентот го пријавил во полиција, вработен на бензинската пумпа.
По пријавата патролата веднаш излегла на терен и започнала истрага.
Регион
Вучиќ: Србија e една од најбезбедните земји во Европа

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Белград и Србија се меѓу најбезбедните градови или земји во Европа.
„Значи, државата и државните институции, и покрај валканата пропаганда на секојдневно ширење на несигурност, страв и се, си ја вршат својата работа на најчист можен начин и се погрижија денес и Белград како град и Србија како држава да бидат една од најбезбедните земји во Европа. Една од трите или четирите најбезбедни земји во Европа“, рече Вучиќ.
Тој наведе дека во 2001 година имало 3.140 разбојништва, а лани 496, дека во 2001 година имало 215 убиства, а во 2024 година 50 убиства и дека бројот на силувања е 3,4 пати помал од тогаш. Вучиќ додаде дека бројот на убиства постојано се намалува.
„Тоа значи дека воспоставивме добра соработка меѓу разузнавачко-безбедносниот сектор во целина и обезбедивме дa сме една од најбезбедните земји во Европа. Ова се добри резултати“, изјави Вучиќ.